Контакт

Свет

(Фото) Телата на двајца планинари пронајдени прегрнати по ерупција на вулкан во Индонезија

Објавено пред

Пронајдени се телата на двајца планинари од Сингапур кои исчезнаа по ерупцијата на вулканот Дуконо во Индонезија. Двојката беше пронајдена прегрната под одрон од карпа на островот Халмахера. Шефот на индонезиската агенција за спасување, Иван Рамдани, рече дека извлекувањето на телата е исклучително тешко поради тешкиот терен и дождот, и дека телата се носат во локалната болница за обдукција.

Операцијата за спасување е отежната и од тековните ерупции. Вулканот постојано исфрла пепел од петокот, во еден момент достигнувајќи висина од речиси десет километри. Шефот на полицијата во Северна Халмахера, Ерлихсон Пасарибу, пред три дена изјави дека и покрај предупредувањата на социјалните медиуми и знаците на теренот, „многумина сè уште одлучуваат да се искачуваат, мотивирани од желбата да создадат содржина за објавување на интернет“.

„Тие беа свесни дека искачувањето е забрането бидејќи планината е во зона на висока тревога, но инсистираа на тоа“, додаде тој. Во потрагата по исчезнатиот пар, која започна вчера наутро, учествуваа околу 150 луѓе. Областа околу работ на кратерот беше пребарана и со помош на термални дронови.

Не е познато кога телата на починатиот пар ќе бидат вратени во Сингапур
Завчера, спасувачите ја потврдија и смртта на индонезиски планинар. Преживеале 17 лица, седум Сингапурци и десет Индонезијци. Според соопштението од Министерството за надворешни работи на Сингапур, седум спасени граѓани се вратиле во своите домови вчера. Сè уште не е познато кога телата на починатиот пар ќе бидат вратени во Сингапур.

Индонезиската агенција за вулканологија вчера регистрираше најмалку четири ерупции досега, при што една исфрли пепел во висина од речиси километар и половина. Планината Дуконо е на третото од четири нивоа на опасност, а секоја активност во радиус од четири километри од кратерот е забранета.

Најново

Македонија1 минута

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...

Регион21 минута

Околу 2.000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио...

Македонија28 минути

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион50 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија1 час

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава1 час

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава1 час

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет1 час

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет2 часа

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...