Контакт

Свет

Тешка сообраќајна несреќа во Италија: Автомобил со девет млади лица излетал во канал, тројца загинати

Објавено пред

Во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во Сенаго, во поширокото подрачје на Милано, животот го загубиле повеќе млади лица откако автомобил излетал од патот и паднал во канал.

Несреќата се случила во неделата околу 5 часот наутро, кога автомобил „Ауди“, во кој се наоѓале најмалку девет млади лица, излетал од коловозот и завршил во каналот Вилорези, објавува „Кориере дела Сера“.

Спасувачките екипи од каналот го извлекле телото на 18-годишна девојка. Во меѓувреме била спроведена потрага по уште двајца млади момчиња, на возраст од 18 и 17 години, за кои се верувало дека останале заробени во потопеното возило.

Неколку повредени лица, на возраст меѓу 17 и 19 години, биле пренесени во болницата Niguarda Hospital во Милано. Според достапните информации, нивните повреди не се тешки и тие не се во животна опасност.

Според првичните податоци, со автомобилот управувал 19-годишен италијански државјанин. Во моментот на несреќата во возилото имало најмалку девет лица, од кои дел биле малолетни.

На местото на несреќата пожарникарите продолжуваат со активностите за извлекување на возилото од каналот, додека карабинерите од полициските станици во Чезате и Ро водат истрага за да ги утврдат точните околности и причините за излетувањето на автомобилот од патот.

Фото: Противпожарна служба на Италија

Најново

Спорт18 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт34 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...

Свет3 часа

Италија: Црвено предупредување за невреме во Тоскана, погодени се и други региони

Властите денес издадоа црвено предупредување за времето за Тоскана, додека бурата што моментално ја погодува Италија донесе обилни врнежи од...