Контакт

Свет

Тимови на САД и Иран пристигнаа во Пакистан за мировни преговори среде сомнежи околу Либан и санкции

Објавено пред

Високи американски и ирански претставници пристигнаа во главниот град на Пакистан, Исламабад за преговори за завршување на нивната шестнеделна војна, иако Техеран ги доведе во прашање разговорите со изјавата дека тие не можат да започнат без обврски за Либан и санкции јави „Ројтерс“.

Американската делегација, предводена од потпретседателот Џеј Ди Ванс и вклучувајќи го специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот Џаред Кушнер, слета во два авиона на американското воздухопловство на воздушната база во Исламабад утрово. Ги пречека началникот на пакистанската армија, маршал Асим Мунир, и министерот за надворешни работи Ишак Дар.

Иранската делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Бакер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, пристигна вчера.

Ова ќе бидат преговори на највисоко ниво меѓу САД и Иран по Иранската исламска револуција во 1979 година. Ако двете страни одржат директни преговори како што се очекува, тоа ќе бидат први директни преговори од 2015 година, кога постигнаа договор за нуклеарниот програм на Иран.

Трамп ја откажа нуклеарната спогодба во 2018 година за време на неговиот прв мандат. Таа година, тогашниот врховен лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи – кој беше убиен на почетокот на војната пред шест недели – забрани понатамошни директни преговори меѓу официјални лица на САД и Иран.

Фото: ЕПА

 

Најново

Регион6 минути

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување...

Култура8 минути

Објавена програмата на 38. Поетска ноќ во Велестово

На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна...

Забава14 минути

(Видео) Една од најубавите жени го откри полот на бебето, а потоа се пожали: „Понекогаш се чувствувам виновна…“

Унгарската манекенка, Барбара Палвин, и нејзиниот сопруг Дилан Спраус открија заедно во неговиот подкаст „Widmen“ дека очекуваат девојче. Двојката, која...

Македонија25 минути

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни...

Спорт26 минути

Ибрахимовиќ им порача на Англичаните „да се погледнат во огледало“

Златан Ибрахимовиќ им порача на репрезентативците на Англија да „се погледнат во огледало“ и да се прашаат „колку се навистина...

Македонија26 минути

„Савески ја одмрзна Белата палата и му ја врати насмевката на Мицкоски со судство кое ги изгуби и оние 2% доверба“, велат од Левица

„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен...

Забава32 минути

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден....

Македонија38 минути

(Фото) Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден...

Забава45 минути

(Фото/Видео) Кара Делевин позираше без гаќички, а потоа порача: „Забавно е“

Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше...