Контакт

Свет

Топлотниот бран во Франција ги принудува луѓето да крадат клима уреди

Објавено пред

Топлотниот бран во Франција ги принудува луѓето да крадат клима уреди.

Во средината на бранот голема топлина во Франција, вниманието на јавноста го привлече тврдењето на француската новинарка Валери Експер дека 50 од 300 клима уреди што беа испорачани за да се олесни работата на лекарите и престојот на пациентите наводно недостасуваат во париската болница „Жорж Помпиду“.

Експер, како што објави „Раптли“, изјавила дека претходниот ден имала закажан преглед во болницата „Жорж Помпиду“ и дека го прашала докторот за клима уреди, бидејќи во јавноста се појавија информации дека еден бизнисмен одлучил да им помогне на медицинските установи со купување опрема за ладење.

„Значи, 300 парчиња беа испорачани во Помпиду, а 50 од нив веќе се украдени“, рече француската новинарка.

Таа додаде дека таков развој на настаните не ја изненадува, но дека не може да замисли приватна компанија во која би било можно да исчезнат 50 клима уреди. Експер потсети и дека, според неа, слична ситуација се случила во болниците за време на пандемијата на коронавирусот, кога исчезнале заштитните маски.

Сепак, администрацијата на болницата АП-ХП во Париз официјално ги негираше обвинувањата за кражба, објавувајќи дека информациите се „целосно неосновани“ и дека по проверката, не е утврдено дека е украден клима уред во болницата „Жорж Помпиду“.

Францускиот здравствен систем е под посебен притисок во последните денови поради топлината, а болниците во Париз и околината се соочуваат со зголемен број пациенти и проблемот со недоволно ладни соби.

АП-ХП изјави дека, по минатогодишните топлотни бранови, биле купени дополнителни 825 мобилни клима уреди, додека уште околу 1.200 биле нарачани за време на последната криза. Според соопштението, веќе се инсталирани 450, а околу 400 дополнителни уреди треба да бидат испорачани и инсталирани во наредните денови.

Најново

Спорт11 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион11 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија15 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија18 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт22 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион32 минути

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника40 минути

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника45 минути

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...

Свет52 минути

(Видео) Иран повторно нападна американска база во Бахреин, третпат за пет дена

Иран денеска ја презеде одговорноста за нов напад со беспилотни летала врз американска воена база во Бахреин, трет во последните...