Контакт

Свет

Трамп: Денешниот израелски напад врз Бејрут не требаше да се случи

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот напад врз Бејрут, изведен порано денеска, „не требаше да се случи“ и повика да не се уништува можноста за постигнување договор.

„Особено не на овој посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Претходно, тој најави дека токму денес би можело да биде постигнато рамковно спогодбено решение со Иран.

Трамп оцени дека Израел има право да се брани, но додаде дека нападот на кој одговорил бил многу мал и бесмислен.

Тој истакна дека САД и Иран се „многу блиску до склучување договор што ќе донесе мир во регионот, вклучително и во Либан“, додавајќи дека „сите страни треба да се повлечат“.

„Не треба да има повеќе напади од Израел, ниту од која било друга страна. Ова би можело да биде почеток на долг и убав мир. Да не го уништиме тоа!“, порача Трамп.

Во меѓувреме, заменик-командантот на иранската централна команда Хатам ал-Анбија, Мохамад Џафар Асади, изјави дека израелските „злосторства“ во јужните предградија на либанската престолнина нема да останат неказнети, пренесоа иранските државни медиуми.

Асади ја даде изјавата по израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, за кои Израел тврди дека биле насочени кон проиранското движење Хезболах.

Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф, пак, ги обвини САД дека не ги исполнуваат своите ветувања. Според него, израелските напади ги загрозуваат преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

„Израелската агресија врз јужните предградија на либанската престолнина уште еднаш покажа дека на САД им недостига волја или способност да ги исполнат своите ветувања“, изјави Галибаф.

Три лица загинаа во неделата во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, втор таков напад во последната недела. Израел соопшти дека нападот бил одмазда за нападите на Хезболах врз северен Либан.

Иран, пак, секој можен договор со САД го условува со целосен прекин на огнот, вклучително и во Либан.

Фото: Depositphotos

Најново

Македонија7 минути

СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на...

Македонија18 минути

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече...

Соопштенија25 минути

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот...

Македонија41 минута

3100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од една-две години и возрасни од 80 години, кажа Клековски

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи...

Спорт2 часа

Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со...

Македонија2 часа

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита...

Спорт2 часа

Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон...

Економија2 часа

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и...

Свет2 часа

Песков: Обидот на ЕУ да преговара со Русија од позиција на сила е ќорсокак и најголема грешка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека обидот на Европската Унија да преговара со Русија „од позиција на сила“ е...