Контакт

Свет

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Објавено пред

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп во ударниот термин во четвртокот, што го натера американскиот претседател да каже дека биле вклучени во заговор и дека треба да им бидат одземени лиценците.

„Каналите за лажни вести NBC и ABC рекоа дека нема да го пренесуваат мојот говор. Ваквата измама треба да значи одземање на нивните лиценци“, рече Трамп, според Ројтерс.

Експертите велат дека телевизиските станици имаат широки права според Првиот амандман да одлучат што да емитуваат, но додаваат дека, историски гледано, тие емитувале поголем дел од таквите говори, бидејќи станува збор за информации од јавно значење.

Во говорот, Трамп ги декласификуваше разузнавачките информации за кои рече дека покажуваат кинеско мешање во изборите во САД, и покрај тоа што американските разузнавачки агенции не пронајдоа докази дека Пекинг влијаел на исходот од изборите во 2020 година.

Со години, Трамп сееше сомнежи за исходот од изборите, лажно тврдејќи дека неговиот пораз од Џо Бајден во 2020 година бил наместен, а без докази тврдеше и дека гласањето по пошта е полно со измами, дека машините за гласање се предмет на манипулации и дека гласањето на странски државјани е широко распространето, пишуваат медиумите.

Телевизијата Си-Би-Ес го емитуваше говорот на Трамп, но го прекина емитувањето по околу 15 минути за да ги побие неговите тврдења за изборна измама.

Најново

Свет34 минути

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија39 минути

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника1 час

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија1 час

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет1 час

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес....

Свет2 часа

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална...

Свет3 часа

Избоден маж на Нов Белград

Маж на 35-годишна возраст тешко е повреден ноќеска откако бил избоден на Нов Белград. Мажот се здобил со убодни рани...

Свет3 часа

(Видео) Не стивнува пожарот на Долги Оток: Избувнаа уште четири пожари кај Задар, пет лица повредени во Омиш се во животна опасност

Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги...