Контакт

Свет

Трамп до Зеленски: Престани да го уништуваш дизелот во Русија, предизвикуваш недостиг

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане со нападите врз руската нафтена и дизел-инфраструктура, предупредувајќи дека тие, според него, предизвикуваат недостиг на дизел во Русија.

„Претседателот Зеленски мора да направи едно нешто. Мора да престане да го уништува дизелот во Русија. Нека напаѓа цели, но не и дизел, бидејќи тоа предизвикува недостиг на дизел“, рече Трамп.

Украина во изминатиот период изврши серија напади со оружје со долг дострел врз рускиот нафтен и гасен сектор, за кој Киев тврди дека претставува еден од клучните извори за финансирање на руската војна.

Изјавата на Трамп доаѓа во време на нов бран руски и украински напади со беспилотни летала. Според локалните власти, во руски Татарстан загинале две лица, додека украинските власти известија за руски напади со дронови врз пристаништето во Одеса и пожар во близина на граничниот премин со Полска.

Русија во последните недели ја засили воздушната кампања врз Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала. Москва повторно ја напаѓа и украинската електроенергетска мрежа, а украинските власти предупредуваат дека целта е дополнително да се изврши притисок врз цивилното население пред зимата.

Украина денеска соопшти дека погодила голема рафинерија за нафта во Славјанск, Кубан, во рускиот регион Краснодар. Украинската воена разузнавачка служба тврди дека беспилотни летала погодиле постројки за преработка на нафта и резервоари, по што избувнал голем пожар.

Властите во Краснодарскиот регион соопштија дека во напад врз објект во Славјанск, Кубан, биле повредени три лица и бил оштетен нафтовод. Тие не ги потврдија директно украинските тврдења дека целта била рафинеријата.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 389 украински беспилотни летала.

Најново

Спорт1 минута

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт1 час

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...