Контакт

Свет

Трамп: Иран сака да разговара и е подготвен да им даде понуда на САД

Објавено пред

Иран сака да разговара и е подготвен да даде понуда што би ги задоволила американските барања, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во телефонско интервју за „Ројтерс“, Трамп потврди дека американските претставници патуваат во Пакистан за да се сретнат со иранскиот министер за надворешни работи, што е во согласност со неговите изјави во последните недели.

„Тие излегуваат со понуда, па ќе видиме“, рече Трамп, додавајќи дека сè уште не знае што ќе содржи таа. Тој потврди дека американските претставници преговараат со „луѓето кои сега се на власт“ во Иран.

Трамп, исто така, објави дека ќе се сретне со кралот Чарлс следната недела за време на неговата државна посета на Соединетите Американски Држави. Тој рече дека планира да разговара за низа прашања со британскиот монарх, вклучувајќи ги Иран, НАТО и данокот на дигитални услуги што британската влада им го воведе на големите американски технолошки компании.

 

фото/Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски по разговорот со Трамп: Имаме добри идеи за побрз мир

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на војната во Украина, во пресрет на самитот на Г7 во Франција.

Зеленски соопшти дека му го честитал 80. роденден на Трамп и му се заблагодарил за американската поддршка во текот на војната.

„Разговаравме за тоа што би можело да помогне за побрзо постигнување мир. Имаме некои добри идеи кои би можеле да придонесат за тоа“, напиша Зеленски.

Тој додаде дека го информирал Трамп за последните случувања на фронтот и оценил дека променетата динамика на бојното поле отвора нови можности за мировен договор.

Во пораката до американскиот претседател, Зеленски посебно се заблагодарил за испораките на противтенковските ракети „Џавелин“ и системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои Украина ги смета за клучни во одбраната од руските напади.

Мировните преговори под американско посредство во моментов се во застој, додека вниманието на Вашингтон е насочено кон кризата со Иран. Сепак, Зеленски смета дека постои нов „прозорец на можности“ за постигнување договор за мир.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Доналд Трамп му порача на Владимир Путин дека е подготвен да помогне за крај на војната во Украина

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешен телефонски разговор му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека прекинот на војната во Украина е од клучно значење и дека е подготвен да помогне во постигнување решение, соопшти Кремљ.

Според советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, Трамп изразил подготвеност да работи заедно со европските партнери и Киев, вклучително и преку разговори на самитот на Г7.

Ушаков додаде дека американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер наскоро повторно ќе ја посетат Русија во рамки на дипломатските напори за ставање крај на војната.

Двајцата лидери разговарале и за преговорите меѓу САД и Иран околу иранската нуклеарна програма. Според Кремљ, Трамп оценил дека договорот е блиску и дека наскоро би можеле да бидат објавени резултатите од преговорите.

Ушаков изјави и дека Путин на „неформален начин“ му го честитал 80. роденден на Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Киев тврди дека пресретнал тајни руски анализи за пад на поддршката за Путин

Објавено пред

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави, како што тврди, доверливи руски документи кои покажуваат растечка загриженост во Кремљ поради внатрешната состојба во Русија пред парламентарните избори во септември.

Според документите што наводно ги пресретнала украинската разузнавачка служба, руските аналитичари очекуваат поддршката за рускиот претседател Владимир Путин да остане под притисок, а да расте незадоволството и протестното расположение во повеќе региони.

Во документите се наведува дека до септември околу 55 отсто од Русите би ги поддржувале потезите на Путин, додека 33 проценти би биле против. Исто така, се посочува пад на довербата во владејачката партија.

Зеленски оцени дека овие прогнози не ги земаат предвид дополнителните последици од војната, украинските напади со дронови и економските проблеми кои би можеле дополнително да го зголемат притисокот врз руското раководство во текот на летото.

Тој порача дека внатрешната ситуација во Русија треба да биде аргумент за постигнување мир, додавајќи дека сегашните трендови, според него, тешко ќе се променат во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Зеленски по разговорот со Трамп: Имаме добри идеи за побрз мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на војната во...

Спорт1 час

Реал се договорил со Кукуреља

Марк Кукуреља (27) ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти...

Спорт2 часа

Барселона преку Фуксе Берлин до титулата во ЛШ

По феноменален финален натпревар, ракометарите на Барселона успеаја да го победат Фуксе Берлин – 37:34 (20:16) и 13-ти пат во...

Спорт2 часа

(Видео) Голот на Комененсија ги налути Германците, испорачаа седум гола во мрежата на Курасао

Германската фудбалска репрезентација го отвори Светското првенство со убедлив триумф над дебитантот Курасао со 7:1. Уште од самиот почеток беше...

Свет2 часа

Кремљ: Доналд Трамп му порача на Владимир Путин дека е подготвен да помогне за крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешен телефонски разговор му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека прекинот на војната во...

Свет2 часа

Киев тврди дека пресретнал тајни руски анализи за пад на поддршката за Путин

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави, како што тврди, доверливи руски документи кои покажуваат растечка загриженост во Кремљ поради внатрешната состојба...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 12 лица се урна во Мисури, нема преживеани

Единаесет падобранци и пилот загинаа при пад на мал авион во близина на аеродром во американската сојузна држава Мисури. Несреќата...

Македонија2 часа

Муцунски на состаноци во Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од утре до 18 јуни ќе оствари работни посети...

Економија2 часа

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција

Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На...