Контакт

Свет

Украина ги предупреди авиокомпаниите за летовите кон Москва и Санкт Петербург

Објавено пред

Претседателот Володимир Зеленски на 1 септември ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и странските влади дека рускиот воздушен простор поради украинските беспилотни летала ќе стане „де факто затворен“. Украина не му се заканува на цивилното воздухопловство, но авиопревозниците кои летаат кон Москва, Санкт Петербург или други поголеми сообраќајни центри мора да сметаат на ризик, објави Зеленски на Телеграм, пишува „Киев индипендент“.

„Денес сакаме да ја предупредиме секоја авиокомпанија што го користи рускиот воздушен простор, секој осигурител и сите кои и натаму ги користат клучните руски аеродроми – руското небо станува исклучително опасно“, порача тој.

Тој додаде дека руското небо ќе биде де факто затворено, иако руските власти за тоа не известуваат како што би требало, и истакна дека за таквата ситуација е одговорна исклучиво Русија поради војната што ја води против Украина.

Во објавата на Телеграм, Зеленски им се обрати и на амбасадорите во Киев и Москва. Тој ги повика да ги предупредат своите влади и авиокомпаниите кои летаат кон дестинации во Русија. Најави и дека украинските власти ќе им ги достават на меѓународните тела сите релевантни информации за овие опасности.

Руските градови, вклучително и Москва, во повеќе наврати беа цел на напади со беспилотни летала, што често предизвикуваше привремено затворање на аеродромите. Иако рускиот главен град е силно заштитен од воздушни закани, украинските претставници претходно изјавија дека попречувањето на воздушниот сообраќај го гледаат како стратешки начин руското население да ги почувствува последиците од војната што ја води Кремљ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Топ25 минути

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...

Македонија29 минути

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори...

Македонија45 минути

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во...

Македонија48 минути

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година: „Соговорниците согласни дека се постигнати очигледни конкретни резултати“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската...

Забава56 минути

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија59 минути

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија1 час

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech2 часа

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет2 часа

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...