Свет
Украина очекува повеќе ракети „Патриот“ од САД
САД во 2027 година ќе го зголемат производството на ракети за системот „Патриот“, а Украина очекува поголеми испораки на проектили за пресретнување балистички закани, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ќе ни бидат потребни и ако војната, да даде Господ, заврши, бидејќи сметаме на овие системи за заштита на нашата држава“, рече Зеленски.
Тој најави и средби во Норвешка и Канада за зајакнување на украинските одбранбени капацитети, како и важни разговори за развој на украински противбалистички систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
