Свет
Унгарија подготвена да биде место за преговори во врска со Украина
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија е подготвена да даде дипломатски придонес во решавањето на конфликтот во Украина и дека би можела да стане место за преговори.
„Можеме да обезбедиме дипломатска и хуманитарна помош, а Унгарија би можела да биде и место за преговори“, рече Маѓар во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).
Што се однесува до безбедносните гаранции за Киев, тој истакна дека само меѓународната заедница може да ги обезбеди.
„Унгарија не може да игра одлучувачка улога тука, тоа е прерогатив на големите сили“, рече тој, како што објави Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп за египетскиот претседател: Се заљубив во него штом го видов
Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Франција упати пофалби кон египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, присетувајќи се на нивната прва средба за време на претседателската кампања во 2016 година.
„Се заљубив во него штом го видов. Од самиот почеток имавме добар однос“, изјави Трамп, додавајќи дека Ел Сиси тогаш не сакал да се сретне со неговата противкандидатка Хилари Клинтон.
Trump on the President of Egypt:
“He was in a hotel and I met him. And we fell in love, deeply in love.” pic.twitter.com/xzYcAynpYS
— FactPost (@factpostnews) June 17, 2026
На истиот самит Трамп говореше и за меморандумот за разбирање со Иран, предупредувајќи дека САД би можеле повторно да преземат воена акција доколку Техеран не се придржува до договореното.
„Ако не се однесуваат како што треба, повторно ќе се вратиме на бомбардирање“, рече Трамп.
Во меѓувреме, Белата куќа ги демантираше медиумските извештаи дека договорот предвидува инвестициски фонд од 300 милијарди долари за обнова на Иран. Трамп изјави дека САД „нема да вложат ни 10 центи“ и ги нарече таквите информации лажни.
Текстот на меморандумот сѐ уште не е објавен, па останува нејасно кои точно обврски содржи договорот меѓу Вашингтон и Техеран.
Регион
Црна Гора очекува брзо решение на отворените прашања со Хрватска
Црна Гора е оптимист дека во наредните месеци ќе успее да реши поголем дел од отворените билатерални прашања со Хрватска, изјави министерката за европски прашања Маида Горчевиќ.
Таа по усвојувањето на позитивниот извештај за напредокот на земјата во Европскиот парламент истакна дека комуникацијата меѓу Подгорица и Загреб е добра и дека целта е сите спорни прашања да бидат затворени пред влезот на Црна Гора во Европската Унија.
Црна Гора има амбиција да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година, а до крајот на годинава планира да ги затвори сите преговарачки поглавја.
Свет
Русија ја обвини Украина за напад со дрон врз автобус со деца, Киев демантира
Русија ја обвини Украина дека со дрон нападнала автобус кој превезувал детска фудбалска екипа од Белорусија низ Брјанската област, во близина на украинската граница. Според руските власти, во нападот загинала една жена која ги придружувала децата, а осум лица биле повредени, меѓу кои шест деца.
Украинската армија ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека во наведениот период не извршила напади со беспилотни летала врз цели во Брјанската област.
Руските истражни органи отворија истрага за тероризам. Според Москва, во автобусот имало 44 патници, од кои 28 деца, кои патувале од Гомељ во Белорусија кон Геленџик во Русија.
