Контакт

Вести

Аврамопулос: Потребен е одржлив механизам на ЕУ за мигрантите

Објавено пред

Европската Унија ѝ обезбеди помош на Грција во висина од две милијарди евра за решавање на прашањето на мигрантите, изјави денеска европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, истакнувајќи дека помошта од ЕУ не е само финансиска, туку и политичка и оперативна.

„Ако Европската Унија не застанеше зад Грција во текот на сите изминати години, ситуацијата ќе беше неподнослива“, рече тој додавајќи дека Европската комисија ќе продолжи да соработува со грчките власти и ќе ја обезбеди потребната помош, пренесува агенцијата АНА-МПА.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ пренесена во Париз

Објавено пред

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ што се урна во неделата е пренесена од Адис Абеба во Париз, соопштија од авиокомпанијата.

„Истражниот тим ја однесе црната кутија од авионот ‘боинг 737-8 макс’ во Париз за анализирање“, се наведува во соопштението.

Авионот се урна во неделата утрото, само шест минути по полетувањето, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот од најмалку 33 држави.

По несреќата, речиси во сите земји е донесена забрана за летови со моделите ‘боинг 737-8 макс’ и ‘боинг 737-9 макс’.

На крајот на минатата година во Џакарта се урна ист модел на авион како оној во Етиопија. Тогаш во несреќата загинаа 189 луѓе.

Прикажи повеќе...

Вести

Поранешниот советник на Трамп осуден на 7,5 години затвор

Објавено пред

Затворската казна на поранешниот шеф на изборната кампања на американскиот претседател, Доналд Трамп, Пол Манафорт, е зголемена за 43 месеци. Одлуката доаѓа една недела откако тој беше осуден на затворска казна од 47 месеци со што вкупната казна е 7,5 години.

Манафорт е осуден за заговор и за финансиски малверзации врз основа на обвиненијата кои се формирани во рамки на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за можна руска вмешаност во претседателските избори во САД во 2016 година кога победи Трамп.

Манафорт лани се изјасни за виновен. Тој денеска пред судот кажал дека сака да се извини за неговите постапки и побара поблага казна.

„Жал ми е поради тоа што го направив и поради сите активности кои нè доведоа до ова“, рекол тој.

Трамп ги негираше обвинувањата опишувајќи ја истрагата на Малер како лов на вештерки.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Третиот човек на Ватикан осуден за сексуално малтретирање деца

Објавено пред

Кардиналот Џорџ Пел (77) е осуден во Австралија за сексуално малтретирање двајца малолетници, соопшти судот во Мелбурн.

Пел, кој е инаку трет човек во Ватикан, е осуден во декември минатата година за малтретирање на две 13-годишни момчиња во 90-тите години, но судот забрануваше пресудата да биде објавена сè до денес. Кардиналот тврди дека е невин и вложил жалба на пресудата.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во декември лани отстрани од неговиот неформален кабинет тројца кардинали, од кои едниот беше Пел.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет2 часа

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет3 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија4 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ5 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201920 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет21 час

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток1 ден

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие