Daily news
Еро: На Асад ќе му се суди за воени злосторства
Ќе дојде денот кога меѓународната заедница ќе донесе пресуда за сирискиот претседател Башар ал Асад “кој го масакрираше својот народ“ изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
“Овој злосторнички чин не може и не смее да помине неказнет. Во секој случај ќе има истрага, ќе има и судење за воени злосторства“ изјави Еро за СНН.
Еро истакна дека Франција се уште бара усвојување резолуција на Советот за безбедност на ОН за Сирија, додавајќи дека дипломатските преговори се приоритет во споредба со можна воена акција.
На прашањето дали Франција би можела да се придружи кон евентуална воена интервенција на САД во Сирија, Еро повтори дека приоритет на неговата земја е усвојување на дипломатска резолуција за конфликтот.
Изјавата на францускиот шеф на дипломатијата следи по хемискиот напад во сириската провинција Идлиб каде загинаа стотина невини луѓе, меѓу кои голем број деца и жени./крај/мф/вд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
