Вести
Израелски воен авион е соборен во Сирија
Системот за против воздушна одбрана (ПРО) на Сирија собори воен авион на Израел и погоди уште еден, откако претходно четири авиони влегле во воздушниот простор на земјата зафатена со воено граѓански конфликт, пренесува во петокот новинската агенција Sputnik.
Според податоците на сириската армија израелскиот авион ги нападнал владините сили во близина на градот Палмира.
Претходно беше соопштено дека авиони од ВВС на Израел биле под силен сириски ракетен напад. Тие гаѓале воени цели во оваа блиско источна земја. Во соопштението нема податоци за загуби предизвикани од серизниот воен инцидент.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
