Вести
Кинескиот премиер оптимист во врска со односите со САД
Кинескиот премиер Ли Кечијанг изрази во средата оптимизам во врска со односите со Вашингтон, истовремено предупредувајќи на опасноста од трговска војна во врска со изјавите од изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Во текот на последните децении, кинеско-американцките односи напредуваа и покрај подемите и падовите. Оптимистичен сум, оттаму, околу иднината на тој однос без оглед на личноста којашто е избрана“, во САД, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанган прес-конференцијата на затворањето на годишната седница на кинескиот парламент.
Американскиот претседател Доналд Трамп во својата изборна кампања остро ја напаѓаше Кина, заканувајќи се со воведување остри царински прописи за нејзините производи, обвинувајќи дека со тоа се „крадат“ американските работни места.
„Не сакаме трговска војна да избувне меѓу нашите две земји“, изјави Ли споменувајќи го извештајот според кој таквиот судир првенствено би им наштетил на компаниите со странски капитал сместени во Кина, и особено на компаниите со американски капитал./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
