Контакт

Вести

Кремљ: САД намерно го влошува односите со Русија

Објавено пред

 

Одлуката на Вашингтон да ги прошири санкциите против руските државјани е уште еден чекор кој има за цел дополнително да ги влоши руско-американските односи, изјавил во вторникот портпаролот на официјален Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата Тасс.

 

„Ова е нов чекор чија цел е намерно да ги влоши нашите односи“, рекол Песков, додавајќи дека во овој момент не може да каже дали Москва ќе преземе реципрочни мерки. САД во понеделникот воведоа санкции кои опфаќаат блокирање на имотите на руски државјани и забрана за американските државјани да работат со нив.

 

Најистакнатата личност во новата група на лица кои се погодени од овие санкции е Александар Бастрикин, шеф на рускиот истражувачки одбор при обвинителството на Русија и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

 

Како што соопштиле американските власти, санкционирани се и двајцата осомничени за убиството на рускиот опозиционер Александар Литвиненко, поранешен припадник на поранешната тајна служба КГБ, кој беше отруен со полониум во Лондон во 2006-та година, односно Андреј Луговој и Дмитриј Квотум.

 

Новите санкции беа воведени три дена откако САД ги отстранија озаките за тајност од разузнавачките извештаи во кои се наведува дека  рускиот претседател Владимир Путин ја наредил кражбата на електронската пошта на Демократската партија, во обид да влијае врз американските претседателски избори.

 

Американските претставници навеле дека новите санкции не се поврзани со сомнежите за овој електронски упад, туку дека имаат врска со американскиот закон „Магнитски“ од 2012-та година, според кој на мета на санкциите се руски претставници кои ги кршат човековите права./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...

Свет1 час

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...

Свет2 часа

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...

Свет3 часа

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет3 часа

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет4 часа

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија4 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет4 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет5 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...