Вести
Меркел отпатува за Вашингтон
Германската канцеларка Ангела Меркел во четврток отпатува за Вашингтон, каде што треба да ја има првата средба со новиот американски претседател Доналд Трамп јави Deutsche Welle.
Првично, посетата беше планирана за вторник, но беше одложена заради големото снежно невреме што го зафати источното крајбрежје на САД.
Се очекува главни теми на разговорите да бидат од сферата на економската и политичката безбедност. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
