Вести
Од рускиот Генералштаб најавија голема победа во Сирија
Од Генералштабот на Русија објавија за пораз на големи формации на терористичката организација „Исламска држава” во Хама и Хомс.
Ова го изјави во рамките на VI Московската меѓународна конференција за безбедноста началникот на Главната оперативна управа на ГШ на ВС, рускиот генерал-полковник Сергеј Рудској, цитиран од Звезда.
„Бандитски формации на терористичката организација ‘Исламска држава’ во Хама и Хомс со денешниот ден се разбиени”, рече Рудској. Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
