Контакт

Вести

ОН: Мировните преговори за Сирија завршија без резултат, но во позитивна атмосфера

Објавено пред

Мировните преговори за Сирија завршија во петок во Женева без конкретни резултати, но во позитивна атмосфера, за разлика од претходните рунди разговори, соопшти сириската опозиција.

dobivaj vesti na viber

„Преговорите се завршени без јасен резултат, но можам да кажам дека овој пат е попозитивно. Првпат разговаравме на прифатлив и темелен начин за иднината на Сирија и политичката транзиција“, изјави Наср ал Харири, шеф на делегацијата на сириската опозиција.

Според неговите зборови, најголем напредок претставува разговорот за политичката транзиција на Сирија.

Харири уште додаде дека обете делегации, и на сириските власти и на опозицијата, добиле документ од 12 точки од специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура.

„Документот содржи општи насоки за иднината на Сирија“, рече Харири.

Оваа рунда на мировни преговори започна на 23 февруари во Женева, во европското седиште на ОН, кои се обидуваат да стават крај на војната во Сирија, во која од март 2011 година страдаа над 310.000 луѓе. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Пукање во Приштина: пресметка на две грпи заврши крваво, неколку повредени

Објавено пред

Неколку лица се повредени од истрели од огнено оружје вечерва околу полноќ, во центарот на Приштина, во познат локал, јавуваат косовските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало. Соопштено е дека од истрелите се повредени неколку лица, додека еден од нив е во тешка состојба. Сведоците виделе како Брзата помош ги одвела повредените да ги испрати на лекување.

Полицијата целосно ја блокирала областа, вклучувајќи ја и улицата „Луан Харадинај“.

За случајот преку известување се изјасни и косовската полиција: „Околу 23 часот и 30 минути во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија“.

Во моментов, најмалку двајца осомничени се идентификувани како вмешани во случајот, додека се работи и на идентификување на други можни осомничени./Reporteri.net

Прикажи повеќе...

Вести

Сингапур погуби жена првпат по речиси 20 години, тоа е една од двете планирани егзекуции за оваа недела

Објавено пред

Сингапур погуби жена првпат по речиси 20 години, една од двете планирани егзекуции за оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Сингапурката Саридеви Џамани беше осудена на смрт во 2018 година кога беше прогласена за виновна за поседување 30-ина грама хероин за кој полицијата рече дека планирала да го продаде, тврди Колективот за трансформативна правда (TJC), кој ги следи случаите на осудени на смрт.

Активистите велат дека тоа е првата жена погубена во Сингапур од 2004 година, кога Јен Меј Воен, 36-годишна фризерка, беше обесена поради трговија со дрога. Сингапур има некои од најстрогите закони за дроги во светот и е под меѓународна критика во последните години за егзекуција на затвореници осудени за прекршоци за дрога.

Саридеви е една од двете жени осудени на смрт во Сингапур, според Кирстен Хан, новинарка и активистка, која поминала една деценија во кампања против смртната казна.

„Откако ги исцрпи своите можности за жалба, беше само прашање на време кога ќе добие известување за егзекуција“, рече Хан.

„Властите не се грижат што мнозинството луѓе што чекаат смртна казна доаѓаат од маргинализирани и ранливи групи. Луѓето што се осудени на смрт се оние што се сметаат за непожелни и од наркокартелите и од државата Сингапур. Ова не е нешто со што Сингапурците треба да се гордеат“, додаде таа.

Владата тврди дека смртната казна е ефикасно средство за борба против дрогата во таа земја, дека ја одржува земјата безбедна и дека има широка јавна поддршка. Тврдат и дека нивните судења се фер.

Истражувањето на „Амнести интернешнл“ покажа дека Сингапур е една од неколкуте земји што егзекутирале луѓе за злосторства поврзани со дрога во изминатата година, заедно со Кина, Саудиска Арабија и Иран.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Торнадо опустоши град во Швајцарија: кран уби едно лице, повеќе од четириесет се повредени, евакуирани згради

Објавено пред

Торнадо го зафати швајцарскиот град Шауси во понеделникот попладне, а едно лице загина во невремето, соопшти полицијата. Лицето починало како последица на пад на кран, кој бил поставен на градилиште. Повредени се околу 40 лица, дел пренесени и во болница.

dobivaj vesti na viber

Невремето не траеше долго, но штетите што му ги нанесе на градот се огромни. Уништени се автомобили, откорнати покриви, а работите летаат од терасите на куќите. Сликите и видеата на социјалните мрежи го прикажуваат пустошот што го остави невремето.

Градоначалникот ги повика жителите да бидат крајно внимателни кога се движат низ градот или природата.

Освен тоа, превентивно се евакуирани пет згради, вклучително и трговски центар, а во акцијата учествувале повеќе од 100 полицајци.

„Беше страшно. Вакво невреме во Швајцарија не сум доживеал! Сè леташе низ воздухот. Прво имаше само молњи и громови, а потоа дојде торнадото. Сега сите патишта овде се затворени, дрвја паднаа, сè е уништено“, вели еден читател на „Блик“.

Прикажи повеќе...

Најново

ФОТО:Маја Јаневска Илиева ФОТО:Маја Јаневска Илиева
Македонија15 минути

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Со повеќе од 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 9. издание на Виз Ер Скопски маратон. Покрај маратонската...

Свет1 час

(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад...

Македонија2 часа

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Економија2 часа

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

За прв пат граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот...

Регион3 часа

Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани...

Топ3 часа

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им...

Регион3 часа

Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за...

Регион17 часа

Тензиите растат: борбени возила на српската армија во околината на Прокупље, се упатуваат кон внатрешноста на централна Србија

Колона борбени возила на Војската на Србија денеска повторно е забележана, овојпат во околината на Прокупље. Репортерите на српски Курир...

Регион18 часа

(Фото) Проценките достигнаа 5 милијарди евра: Грција ги сумира штетите од разорните поплави

Во Грција се сумираат штетите од разорните поплави што го погодија централниот дел на земјата поради невремето Даниел на почетокот...

Македонија20 часа

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата,...

Македонија20 часа

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата. „Апсолутно не е соодветно ниту...

Економија21 час

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во...

Македонија21 час

Меџити: глукомерите се безбедни, отсега нема да доцнат лековите

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ објави документи за токсично млеко и јогурт, бара одговрност од Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави документи во врска со информациите дека во Македонија се увезува млеко кое содржи афлатоксин....

Економија23 часа

ЕСМ ги повика потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејна сезона, а не кажува дали ќе ги намести цевките под Беласица

ЕСМ ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до...

Македонија24 часа

Заев: време е за нов македонски успех

Екс премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод петгодишнината од референдумот напиша дека 30 септември 2018 година е...

Економија1 ден

Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95,...

Македонија1 ден

Петровска – Тагaрeв: соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија...

Македонија1 ден

Пендаровски ја додели специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мек Гарви

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“...