Daily news
Полански се уште под закана за затвор ако се врати во САД
Режисерот Роман Полански не може да влезе во САД без да си ја одлежи казната затвор под обвинение за силување малолетничка. Американски судија го одби барањето на Полански да му дозволи да се врати во САД без закана за затвор, по 40 години откако побегна од САД.
Полански го признал делото – силување на 13-годишно девојче во 1977 година, но исплашен избегал во Швајцарија каде морал да отслужи 10-месечен домашен притвор. Адвокатот на Полански изјавил дека 83-годишниот Полански веќе ја отслужил својата казна и оти судот треба да ја разлгеда можноста да го ослободи од кривично гонење. Судот пак ја отфрла таквата можност со образложение дека законот за сите е ист, без оглед што се работи за позната светска личност./крај/мф/вд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
