Daily news
Почина дизајнерот на знамето со боите на виножитото
Активистот за правата на ЛГБТ лицата Гилберт Бекер, најпознат по тоа што го дизајнираше знамето со боите на виножитото, почина на 65 годишна возраст.
„Мојот најдобар пријател повеќе го нема. Клив Бекер му го даде на светот знамето со боите на виножитото, а мене 40 години љубов и пријателство, објави на социјалните мрежи неговиот пријател Клив Џонс.
Причината за смртта не е позната, а San Francisco Chronicle само објави дека Бекер починал во сон.
Тој е роден во Канзас во 1951 година, а во Сан Франциско се најде служејќи во американската војска во 70-сеттите години на минатиот век, во времето на почетоците на движењата за правата на хомосексуалците.
Симболите на движењата започна да ги дизајнира на барање на Харви Милк, кој во 1977 година ќе стане првиот деклариран хомосексуалец избран на јавна функција.
Знамето со боите на виножитото првпат се развиори во 1978 година на Сан Франциско прајдот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
