Вести
Путин: Постигнат договор за примирје во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и дека Москва и Анкара ќе бидат гаранти. Путин нагласи дека постои подготвеност за почеток на мировни преговори.
„Пред неколку часа пристигнаа вести дека дошло до развој на ситуацијата каков што посакувавме. Потпишани се три документи. Првиот е спогодба за прекин на огнот меѓу сириската влада и вооружената опозиција. Вториот документ се однесува на пакетот мерки за контрола на примирјето, а третиот е декларација за подготвеност да се пристапи кон мировни преговори,“ рекол Путин на состанокот на министри за надворешни работи и одбрана, пренесува ТАСС.
„Договорот е мошне кревок и ние сите сме свесни за тоа, потребно е внимание и трпение, професионален пристап и постојан контакт со партнерите,“ рече Путин.
Сега е потребно да се направи се за да се осигура дека оваа спогодба ќе стапи во сила, за да му се овозможи на преговарачкиот тим кој моментално се формира, благовремено и што е можно поскоро да пристигне во Астана и да го започне мировниот процес.
„Примирјето го поддржаа седум главни вооружени опозициски групи кои имаат околу 60.000 борци во своите редови, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Истовремено, сириската војска објави дека од полноќ ги прекинала борбите на целата територија на земјата, пренесува Reuters.
Турското министерство за надворешни работи наведе дека договорот ги исклучува групите кои во ОН се означени како терористички организации./крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.