Вести
Реакции во Турција: Холандија не чини ниту колку кората на портокалите
Активисти од младинското крило на Ердогановата партија на Правдата и развојот (АКП), во знак на револт против Холандија, организираа масовен симболичен протест. Тие во Турција стискаа портокали, а потоа симболично го испија сокот, информира во вторникот “Хуриет дејли њуз”.
На партисиот протест одржан во североисточната провинција Коџаели, младите следбеници на Ердоган стискаа портокали и носеа плакати со натписи “фашистичка Холандија” и “Руте е фашист”.
Холандија “нема вредностнуту за облека од портокал”, рече Емре Кахраман, кој го предводеше младинското крило на АКП во Измит. Фотографии со некои од учесниците и истиснатите портокали со кујнски ножеви се појавија на интернет и во турските медиуми.
“Им рековме: прво ќе ве стегаме и потоа ќе ви испиеме”, рече Кахраман, предивикувајќи аплауз кај приврзаниците.
Изборот на плодот не е случаен – Турците ја поврзуваат бојата со Холандија.
“Свршено е со портокалот што успева во Турција! Никој телевизиски канал нема да ги покажува. Портокалите ќе станат забранет плод, а ние ќе ги бојкотираме сите мандарини, моркови и тикви”, пишува турски корисник на една од социјалните мрежи, цитиран од BBC.
Тензиите помеѓу Турција и Холандија се зголемија на крајот на минатата недела, кога Хаг не им дозволи на двајца турски министри да агитираат во Ротердам и да ги повикаат за масовно учество на референдумот закажан за 16 април. Последователно Анкара наметна и санкции протива Холандија и најави дека ќе се жали на ОН, Советот на Европа и ОБСЕ од однесувањето на холандските власти./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
