Daily news
Русија предложи сопствена резолуција за Идлиб
Постојаното претставништво на Руската Федерација при ОН соопшти дека Москва во Советот за безбедност на ОН предложила сопствена резолуција во врска со нападот во сириската провинција Идлиб, за кој постои сомневање дека бил извршен со хемиско оружје.
Ние предложивме свој краток нацрт, насочен кон реална истрага а не кон именување на виновници како веќе фактите да се востановени, изјави прес-секретарот на постојаното претставништво на Русија при ОН, Фјодор Стржижовски.
Тој дополни дека членовите на Советот за безбедност започнале со консултации за изработка на „компромисна нацрт резолуција“, пренесува Спутњик.
Претходно руски претставници соопштија дека Русија е подготвена да стави вето на резолуцијата за Идлиб предложена од Франција, САД и Велика Британија доколку истата биде ставена на гласање без претходни консултации.
Овие три земји директно ја обвинуваат владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за наводниот хемиски напад во кој загинаа над 70 луѓе, меѓу кои и голем број деца./крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
