Контакт

Вести

Самит на Арапската лига за Сирија, Иран, Јемен

Објавено пред

Во саудискиот град Дахран денеска почна годишниот собир на лидерите на арапските земји во регионот, чија стабилност е загрозена од тензиите со Иран и војните во Сирија и Јемен.

Саудискиот крал Саламан им рекол на лидерите на Арапската лига која брои 22 членки, дека Иран е виновен за нестабилноста и мешањето во регионот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Објавено пред

Од

Лос Анџелес, заложници

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ се предаде на полицијата. Во нападот, кој се случил вчера околу 18 и 30 часот по локално време, е убиена една жена.

Инцидентот се случил во продавница на „Трејдер Џос“. Полицијата навела дека два часа пред инцидентот, човекот со седум куршуми ја усмртил баба му, а повредил и една жена која насилно ја внел во неговиот автомобил. Во потерата по него, полицијата и напаѓачот размениле оган по што напаѓачот удрил во столб пред продавницата и потоа влегол во неа.

Некои од купувачите успеале да избегаат низ прозор, а други се затвориле во разни простории додека на местото на инцидентот пристигнале полицијата, пожарникарите и 18 возила на брзата помош.

Полициските преговарачи успеале да го убедат напаѓачот, кој бил на возраст од 28 години, да се предаде и да ги ослободи заложниците. Околу 18 и 30 часот по локално време односно 3 часот наутро по средноевропско време, тој се согласил сам да си стави лисици и излегол од продавницата со четири заложници околу него.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп: Вашиот омилен претседател не направи ништо лошо

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека тоа што неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен ги прислушувал неговите приватни телефонски разговори е незаконско и невидено до сега. Коен тајно го снимал разговорот со Трамп за можна исплата на поранешниот модел на „Плејбој“ за аферата со претседателот.

Разговорот се случил неколку недели пред Трамп да биде избран за претседател во 2016 година.

„Добра вест е дека вашиот омилен претседател не направи ништо лошо“, напиша Трамп на „Твитер“.

Неговиот сегашен адвокат соопшти дека немало никаква исплата.

Прикажи повеќе...

Вести

Лавров: Апсењето на Русинката во САД е неприфатливо

Објавено пред

Од

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, го оцени како неприфатливо апсењето на Русинката Марија Бутинa во САД, која е обвинета за обид да влијае на американската политика преку политички организации во корист на Русија.

„Лавров во телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека е неприфатливо тоа што американските власти ја уапсиле руската државјанка врз основа на наместени обвиненија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лавров побарал Марија Бутина веднаш да биде ослободена. 29-годишната Русинка беше уапсена пред една недела под обвинение дека е агент на некоја странска држава. Таа се изјаснила невина, а ѝ се заканува затворска казна од 10 години.

Веста за нејзиното апсење беше објавена неколку часа по состанокот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржа во понеделникот во Хелсинки.

Прикажи повеќе...

Најново

Лос Анџелес, заложници Лос Анџелес, заложници
Вести14 минути

(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ...

Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии
Економија1 час

МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија

Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии....

Македонија15 часа

Измените на Изборниот законик в понеделник на собраниска седница

Пратениците в понеделник на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по завршување на комисиската расправа. Измените...

Македонија20 часа

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион22 часа

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ23 часа

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет23 часа

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија1 ден

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија1 ден

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија1 ден

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија2 дена

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија2 дена

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Македонија2 дена

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да...

Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ
Регион2 дена

Харадинај: Евентуална поделба на Косово би значело почеток на војна

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека евентуална поделба на Косово за него би претставувало почеток на војна. Харадинај го...

Gavril Bubevski SJO Gavril Bubevski SJO
Македонија2 дена

(Видео) СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата,...

Тимјаник, Мила Царовска, дом Тимјаник, Мила Царовска, дом
Македонија2 дена

Отворен домот во Тимјаник, во него се сместени четири деца

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, Неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 дена

(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три...

ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK
Македонија2 дена

Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека Владата ставила европско...

Свет2 дена

Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир...

Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија
Вести2 дена

Отворен саркофагот во кој се веруваше дека се останките на Александар Македонски

Истражувачите го отворија саркофагот стар 2 000 години што беше пронајден во Египет и ги покрена шпекулациите во локалните и...

Досие