Вести
Саудиска Арабија формираше совет за девојки – без девојки
Саудиска Арабија формираше совет за девојки, што е охрабрувачка иницијатива за земјата позната по тоа што на жените не им дава важни јавни улоги, но на фотографиите од првиот состанок на советот нема ниту една жена, јавува во вторник BBC.
Фотографиите објавени по повод првиот состанок на советот ал-Касима, прикажуваат 13 мажи и ниту една жена. Жените најверојатно биле во друга соба, поврзани со нив преку видео врска, наведува BBC.
Фотографиите на кои доминираат мажите почнаа да кружат по социјалните мрежи по состанокот во саботата
Гувернерот на ал-Касима, принцот Фаисал бин Сауд изјави дека е горд заради основањето на советот.
„Во регионот Касима на жените гледаме како на сестри и чувствуваме одговорност да создадеме повеќе можности за жените и девојките“, рече принцот.
На чело на советот е принцезата Абир бинт Салман, негова сопруга, која не е на фотографијата.
Во Саудиска Арабија строго се спроведува државната политика на родна сегрегација. /крај/ббц/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
