Вести
Средба на шефовите на дипломатиите на САД и Кина

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи разговарале во вторникот за подобрува и задржување на „заемно корисните економски односи“ , меѓу САД и Кина, соопшти американскиот Стејт департмент.
Тилерсон и Јанг ја потврдиле важноста од редовните состаноци на високо ниво меѓу двете земји во текот на нивната средба во Вашингтон, а разговарале и за севернокорејската нуклеарна програма.
Двете земји сакаат да ги подобрат односите откако американскиот претседател Доналд Трамп веднаш на почетокот од својот мандат ја нападна Кина околу низа прашања, од трговијата па до нејзините амбиции во Јужнокинеското Море.
Јанг се средна со Трамп во понеделникот во Белата куќа и темата на нивните разговори биле заедничките безбедносни интереси и можната средба на американскиот со кинескиот претседател Кси Џинпинг, изјавил за Reuters висок функционер од американската администрација.
Во вторничното соопштение на Стејт департментот се наведува дека Јанг го поканил тилерсон да го посети Пекинг./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Актуелно
Германско обвинителство дозволи да се игра претставата „Мојата борба“

Обвинителството во германскиот град Констанц, во име на уметничката слобода, одби да забрани изведба на сатиричната претстава „Мојата борба“, во текот на која е предвидено делење кукести крстови и жолти ѕвезди. Театарот вети бесплатен влез за сите оние што на ракавите ќе носат ленти со кукест крст на премиерата на 20 април, датумот на раѓањето на Хитлер.
На оние што ќе купат билети, предложено им е да носат Давидова ѕвеза додека се во театарот во знак на солидарност на жртвите на нацизмот. Нацистичките симболи се забранети во Германија, а од театарот навеле дека на овој начин сакааат да покажат колку е лесно луѓето да се корумпираат.
Претставата „Мојата борба“ е црна комедија на Унгарецот Георг Табори од 1987 година и се однесува на програмскиот памфлет што го напишал Хитлер кога бил во затвор пред да ја презеде власта.
Германско-израелското друштво во Констанц и Друштвото за еврејско-христијанска соработка побарале бојкот на претставата.
Вести
(Видео) Едно лице загина во несреќата, жена пилот безбедно го спуштила запалениот авион

Жена пилот безбедно го спуштила авионот на кој претходно му експлодирал моторот, на аеродромот во Филаделфија. Таа претходно била воен пилот и стекнала големо искуство во американската морнарица.
Авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на летот од Њујорк до Далас вчера принудно слета на аеродромот во Филаделфија кога му експлодирал левиот мотор, а деловите оштетиле еден прозорец, при што загинал еден патник.
Теми Џо Шулц (56), кога експлодирал моторот, била принудена што побргу принудно да го спушти авионот на аеродромот.
Шулц, една од првите жени пилоти во американската морнарица, смирено се јавила кај контролорите на летот за да извести дека ѝ отпаднал дел од авионот и дека на пистата ќе бидат потребни амбулантни возила.
Вести
Пулицерова награда за новинарите што го открија секс-скандалот во Холивуд

Весникот „Њујорк тајмс“ и магазинот „Њујоркер“ синоќа ја добија Пулицеровата награда за известување од јавен интерес. Тие ја добија наградата за нивното известување за холивудскиот скандал со продуцентот Харви Вајнштајн, кој е обвинет за сексуално вознемирување. Нивните извештаи го поттикнаа движењето Me too против сексуално злоупотребување и во други дејности, освен филмската.
Одборот за доделување на наградата ја опиша работата на новинарите што го разоткрија Вајнштајн како експлозивно и влијателно новинарство, кое разоткрило моќни и богати луѓе кои вршат сексуално малтретирање.
„Њујорк тајмс“ заедно со „Вашингтон пост“ доби награда за известувањето за наводната руска вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година.
Пулицеровата награда е најпрестижно признание во американското новинарство, а ја воспоставил издавачот Јозеф Пулицер. Првпат е доделена во 1917 година.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“