Контакт

Вести

Стебло усмрти најмалку 18 луѓе што се капеле во езеро под водопад во Гана

Објавено пред

Најмалку 18 луѓе загинаа, а 20-сеттина се повредени кога големо стебло падна врз нив во езеро во кое се капеа во подножјето на еден водопад во Гана, објави полицијата.

Несреќата се случила во неделата, кога во посета на водопадот стигнале многу луѓе, меѓу кои многу средношколци.

„Врз нив падна горниот дел на едно од најголемите стебла. Беше страшно кога пристигнавме“, рече еден пожарникар.

Тој додаде дека биле употребени пили за да го исечат стеблото и да ги ослободат жртвите.

Несреќата се случила набрзо по невремето во тоа подрачје, познато по поројните дождови во овој период на годината.

Властите најавија истрага. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Могерини: Ракетниот систем со кој е урнат малезискиот авион без сомнеж е руски

Објавено пред

Од

Европската Унија и НАТО ја повикаа Русија да ја признае одговорноста за уривањето на малезискиот патнички авион со руска ракета над Украина во 2014 година.

Во одвоени соопштенија, Европската Унија и НАТО, ја повикаа Русија да соработува со сите напори за утврдување на вината за уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“.

ЕУ ја повика Русија да ги признае заклучоците на меѓународните истражители дека ракетата која го соборила авионот во источна Украина пред речиси четири години дошла од воена единица со база во Русија. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, рекла дека оние кои се одговорни за нападот во кој се убиени 298 луѓе треба да одговараат и дека заклучоците на заедничкиот истражен тим покажуваат дека ракетниот систем кој е користен без сомнение припаѓа на вооружените сили на Руската Федерација.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ на релација Амстердам – Куала Лумпур беше урнат на 17 јули 2014 година над источна Украина. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Повеќето од патниците беа холандски државјани.

Меѓународните истражители вчера соопштија дека со ракетен противавионски систем од советско и руско производство „Бук-телар“ е соборен авионот на линијата МХ17 и дека ракетата потекнува од 53. противвоздушна бригада во Курск, Русија.

Прикажи повеќе...

Вести

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Објавено пред

Од

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“ кој бил на самото место јавил дека биле уништени три тунели и други помошни објекти.

На оваа локација, Северна Кореја наводно извршила шест нуклеарни проби, а ова уништување, како што навела државната агенција КЦНА, ja претставува посветеноста на Пјонгјанг за денуклеаризација  на земјата до која дојде по самитот одржан во април по средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин.

Северна Кореја во април најави дека ќе започне со суспензија на нуклеарните и ракетните тестови како и дека ќе го уништи полигонот за тестирање. Пјонгјанг тогаш соопшти дека земјата сега ја интересираат само економски раст и добри односи со соседите.

Само неколку часа по уништување на полигонот, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Ким што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур.

Прикажи повеќе...

Вести

Ким му одговори на Трамп

Објавено пред

Од

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле дека Ким Џонг-ун и понатаму е подготвен за средба. Севернокорејската државна агенција КЦНА наведува дека Ким прави големи напори да се одржи средбата со Трамп.

Пјонгјанг оценува дека одлуката на Трамп за откажување на средбата што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур не е во склад со желбите на светот.

Трамп соопшти дека ја откажува средбата поради отвореното непријателство што го покажала Северна Кореја.

„Многу се радував на средбата со вас. За жал, имајќи го предвид големиот бес и отвореното непријателство изразено во вашите последни соопштенија, сметам дека е невозможно во овој момент да го одржиме долго планираниот состанок“, наведе Трамп.

Тој доде дека самитот е „пропуштена шанса“ и „навистина тажен историски момент“. Трамп му порача на Ким да му се јави или да пише ако го промени ставот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 час

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија3 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија5 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести6 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија8 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие