Вести
Судија ја блокираше извршната одлука на Трамп за забрана за патување

Федералниот судија на американската сојуз држва Хаваи ја блокираше новата извршна одлука на претседателот Доналд Трамп за забрана за патување, неколку часа пред нацрт-законот да стапи во сила, пренесува BBC.
Претседателот Трамп ваквата одлука на судијата ја опиша како „судско претерување без преседан”.
Нацрт-законот предвидуваше забрана за патување со траење од 90 дена за луѓе од шест муслимански земји и забрана со траење од 120 дена за бегалци.
Трамп тврди дека овој потег е да се спречат терористите да влезат во САД, но критичарите велат дека е дискриминаторски.
Претходната верзија на налогот, издаден кон крајот на јануари, предизвика конфузија и протести, а беше блокиран од страна на судија во Сиетл.
Говорејќи на собирот во Нешвил, Тенеси, во средата, Трамп изјави дека пресудата во Хаваи прави САД да „изгледаат слаби”. Тој нагласи дека нема да се откаже и дека случајот ќе го турка „колку што е можно понатаму, дури и до Врховниот суд“.
„Ние ќе победиме,“ рекол амриканскиот претседател. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Вести
Столтенберг: НАТО не планира да го засили военото присуство во балтичките држави

НАТО нема намера да го засили военото присуство во балтичките држави кои бараат поголема заштита од соседна Русија, изјави денеска во Хаг генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Засега не планираме да го засилиме военото присуство во (балтичкиот) регионот, но она што планираме е да ги консолидираме капацитетите и ако биде потребно, да ги засилиме“, рекол Столтенберг по средбата со холандскиот премиер Марк Рут.
Балтичките земји – Естонија, Латвија и Литванија – побараа поголемо воено присуство поради стравување од руски закани. Ова прашање ќе се најде на дневен ред на самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел.
Вести
Романија ќе ја премести амбасадата во Ерусалим

Романија ќе биде првата земја од Европската Унија што ќе ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим по примерот на САД. Шефот на социјалдемократите изјавил дека одлуката е донесена и дека процедурата е во тек.
Според „Ерусалим пост“, одлуката била донесена во средата кога бил усвоен документ за почеток на постапката за преместување на амбасадата во Ерусалим иако официјално одлуката не е соопштена.
Портпаролот на романската влада не сакал да го коментира документот што бил усвоен во отсуство на министерот за надворешни работи, кој е во посета на Тунис.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември лани најави дека американската амбасада ќе биде пренесена од Тел Авив во Ерусалим. Примерот на САД го следеше и Гватемала.
Актуелно
Германско обвинителство дозволи да се игра претставата „Мојата борба“

Обвинителството во германскиот град Констанц, во име на уметничката слобода, одби да забрани изведба на сатиричната претстава „Мојата борба“, во текот на која е предвидено делење кукести крстови и жолти ѕвезди. Театарот вети бесплатен влез за сите оние што на ракавите ќе носат ленти со кукест крст на премиерата на 20 април, датумот на раѓањето на Хитлер.
На оние што ќе купат билети, предложено им е да носат Давидова ѕвеза додека се во театарот во знак на солидарност на жртвите на нацизмот. Нацистичките симболи се забранети во Германија, а од театарот навеле дека на овој начин сакааат да покажат колку е лесно луѓето да се корумпираат.
Претставата „Мојата борба“ е црна комедија на Унгарецот Георг Табори од 1987 година и се однесува на програмскиот памфлет што го напишал Хитлер кога бил во затвор пред да ја презеде власта.
Германско-израелското друштво во Констанц и Друштвото за еврејско-христијанска соработка побарале бојкот на претставата.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“