Вести
Трамп задоволен од германското издвојување за НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп во петок изјави дека САД ќе ги почитуваат историските институции, но дека и другите држави треба да издвојуваат свој дел од средствата за НАТО.
Трамп, говорејќи на прес конференција по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека и е благодарен заради „посветеноста на германската влада во издвојувањето за одбраната“ и работата на тоа да се достигне целта од барем два отсто од БДП за НАТО.
Тој уште додаде дека е отворена можноста со Германија да се направи „уште подобра работа“.
Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека со Трамп разговарале за различни теми и изразиле заеднички интереси.
„Во врска со минатото, ние Германците многу му должиме на САД, посебно заради економскиот раст. Тоа се случи заради Маршаловиот план, а САД и сојузниците ја поддржуваа Германија за време на Студената војна“, рече Меркел.
Таа додаде дека се разговарало и за Авганистан и продолжувањето на германската мисија, а станало збор и за Сирија и Либија.
„Разговаравме за потенцијалите што нашите економии ги имаат, како и многу други прашања важни за иднината“, рече Меркел. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
