Контакт

Вести

Трамп и Трудо телефонски разговарале за азилантите

Објавено пред

Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп телефонски ноќта кон петокот по средноевропско време разговарале за пограничната соработка, во ситуација во којашто расте притисокот врз Канада, имајќи го предвид порастот на бројот на баратели на азил кои пристигнуваат од САД.

 

Во телефонскиот разговор кој следеше по минатонеделните „конструктивни разговори“ на двајцата челници во текот на средбата во Вашингтон, исто така, покрај другото, стана збор и за трговскиот спор околу дрвото, соопшти кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Бројот на баратели на азил кои минуваат во Канада преку изолираните и нечувани гранични премини се зголемил последните денови поради стравот дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се пресметува со илегалните доселеници, додека истовремено беа ширени фотографии на коишто канадските полицајци со насмевка ги поздравуваат имигрантите.

Според соопштението на Белата куќа. пак, Трамп ја истакнал важноста од блиската соработка со Канада околу прашањата на границата, „вклучително и примената на акцијата на неговата администрација за заштитата на САД од терористички напади кои би ги извеле странци и други“.

Барателите на азил илегално влегуваат во Канада поради тоа што канадската полиција, според канадско-американскиот договор за безбедност, мора да ги врати назад барателите на азил доколку тие се појават на службените гранични премини.

До 13-ти февруари бројот на лицата коишто во 2017 година побарале азил во Канада се искачил на 3.800 луѓе, што е повеќе отколку во истиот период лани и би можел да го достигне досегашниот рекорден број забележан во 2008 година од повеќе од 36.800 азиланти, изјави Скот Бардсли, портпаролот на министерот за јавна безбедност Ралф Гуделји.

Анкетите покажуваат дека Канаѓаните се поделени околу тоа дали треба да бидат прифатени повеќе или помалку азилантии бегалци., Но дури и либералните пратеници започнаа на теренот да ги слушаат изразите на загриженоста поради последниот прилив на баратели на азил, кои доаѓаат главно од Африка, Блискиот исток и Азија./крај/мф/сн

Најново

Свет1 минута

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: „Сите што беа на власт мора да си заминат“

Израел ја одбележува третата годишнина од најсмртоносниот ден во својата историја со низа комеморации и протести на повеќе од 400...

Забава12 минути

(Фото/Видео) „Најубавото девојче на светот“ денес изгледа поинаку: Гордо го покажа своето лице во Париз

Тилан Блондо го привлече вниманието на Модната недела во Париз, воодушевувајќи ја публиката со своето појавување, и покрај негативните коментари...

Забава32 минути

„Беше обострано“: Мајкл Даглас за големата брачна криза со Кетрин пред 13 години

Кетрин Зета-Џонс е 25 години помлада од Мајкл Даглас; тие се во брак од 2000 година и, и покрај разликата...

Свет35 минути

Ким му го честита роденденот на „најдрагиот пријател“ Путин: „Ќе победи во светата војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ѝ вети на Русија „непоколеблива поддршка“ во честитката по повод роденденот на рускиот претседател Владимир Путин,...

Свет39 минути

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека „многу наскоро“ ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во врска со смртта...

Забава52 минути

Подготвена е на сè за љубовта: Сидни Свини ги исполнува желбите на своето контроверзно момче

Според добро упатени извори кои разговарале со „Page Six“, Сидни Свини и Скутер Браун прават сè посериозни планови за свадба...

Европа1 час

(Видео) На роденденот на Путин, Русите го бомбардираа Киев со ракети и дронови: има загинати и повредени

Во текот на ноќта кон 7 октомври, Русија изврши масовен ракетен напад и напад со беспилотни летала врз Киев, што...

Забава1 час

Ова се четири вообичаени грешки поради кои вашето тело побрзо старее

Здравите навики рано во животот се клучни за висок квалитет на живот во староста, но одредени заблуди можат да направат...

Европа1 час

(Видео) Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

По вчерашните напади врз два трговски брода во исклучителната економска зона на Бугарија во Црното Море – при што едниот...