Контакт

Вести

Укинувањето на „обамакер“ ќе биде приоритет за Трамп

Објавено пред

Укинувањето на постоечкиот закон за здравствена заштита, наречен Обамакер, е најважен приоритет на идниот претседател Доналд Трамп кој ќе спроведе глатка транзиција кон „пазарно ориентираниот“ систем на здравствено осигурување, рече во среда избраниот потпретседател Мајк Пенс.

dobivaj vesti na viber

Челниците на демократите се сретнаа со претседателот Барак Обама на Капитол Хил и разговарале за начините на кој би го заштитиле законот за здравство и ги обвинија републиканците дека сакат целосно да го уништат американскиот здравствен систем и дека немаат во план нов систем што би го заменил.

Републиканците, кои првпат по 2007 година ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа, се залагаат за укинување на Законот за достапното здравствен осигурување, наречен Обамакер, за кој Трамп вели дека „не функционира, а не е ниту достапен“, а Белата куќа тврди дека со него здравственото осигурување е проширено на 20 милиони Американци кои го немале и оти со неговото укинување би се создал хаос на пазарот на здравството.

Пенс се состана со лидерите на републиканците во Конгресот во средата, но по средбата не стана збор за тоа како би требало да изгледа новиот закон.

„Првиот приоритет ни е да го одржиме ветувањето дека ќе ја укинеме Обамакер и ќе го замениме со некој реформиран систем на здравствена грижа којашто ќе ги намали трошоците на здравствено осигурување без со тоа да ја зголемуваме димензијата на владата“, изјави Пенс на конференцијата за новинарите.

Трамп, кој должноста ќе ја преземе на 20-ти јануари, ќе работи заедно со челниците на Конгресот на изработка на „закон и календарските рокови за уредно и мазно преминување на пазарно ориентиран систем на здравствена грижа“. додаде Пенс.

Републиканците имаат „многу идеи“ за тоа како да се замени постојниот закон, рече претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, но не ги откри./крај/мф/ст

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија7 часа

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија9 часа

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ13 часа

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија15 часа

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ16 часа

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија16 часа

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта (ВИДЕО)

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија17 часа

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа18 часа

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион21 час

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија1 ден

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија1 ден

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија2 дена

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија2 дена

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија2 дена

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија2 дена

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија2 дена

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет2 дена

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет2 дена

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...