Контакт

Вести

ЦИА објави бизарни документи за дедото на севернокрејскиот лидер

Објавено пред

Дедото на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се здебелил зошто јадел кучешко месо два пати во денот мислејќи дека тоа ќе му ја оддржи машкоста, наведуваат новите документи на CIA, пренесува весникот Daily Mail.

Ким Ил Сунг бил врховен водач на Северна Кореја и владеел со земјата од 1948 година се до својата смрт во 1994 година, а потоа го наследи Ким Џонг Ил, а него Ким Џонг Ун – денешниот владател на оваа држава.

Нови и неодамна објавени документи на ЦИА од 1951 година откриваат дека Ким Ил Сунг, дедото на сегашниот владател на Северна Кореја, секој ден барал да јаде кушечко месо за појадок и вечера, во склад со популарното верување во таа земја, дека месото од куче ја оддржува машкоста.

Документите истакнуваат дека кучешкото месо кое што го јадел било полнето со пилешко и тоа е причината што со тек на времето многу се здебелил, пишува Daily Mail.

Фајловите наведуваат дека избегавал риба и зеленчук, и дека многу сакал да готви и често пати одел во кујната да разговара со готвачите за начинот на припрема на оброци.

Во Северна Кореја и понатаму се јаде месо од куче, а сегашниот владател Ким Џонг Ун вели дека е тоа супер храна. Земјата ова месо го промовира како храна за издржливост и тврди дека содржи повеќе витамини од пилешко, говедско и свинско месо.

Најстрашно од се е фактот што владата на Северна Кореја нведува дека за месото да биде повкусно кучињата мора да се претепаат до смрт а нивното крзно да се извади пред пржење.

Во соседна Јужна Кореја многу активисти за правата на животните остро протестираат против убивање на кучиња за храна. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава43 секунди

Најголемиот тренд во фризурите: Беше хит на минатиот век, сега е уште подобар

Исфенираниот боб од деведесеттите комбинира две од најмодерните фризури: фризурата со фенирање и класичниот боб. Пролетта е сè за промени,...

Спорт1 минута

Робертсон во Тотенхем, под услов клубот да избори опстанок

Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон. Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по...

Македонија10 минути

„Идниот премиер на Унгарија најавува длабоки реформи на медиумите кои беа под контрола на Орбан“, велат од СДСМ

„Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат....

Свет14 минути

Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори

Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран. „Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно...

Спорт17 минути

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс. Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а...

Свет18 минути

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава24 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт30 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет36 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...