Контакт

Вести

Црна Гора гласа за претседател, седум кандидати меѓу кои една жена

Објавено пред

По трет пат од стекнувањето на независност, граѓаните на Црна Гора денеска ќе гласаат за избор на претседател.

Тие ќе треба да се одлучат за еден од седумте кандидати меѓу кои за прв пат е и една жена, кандидатката Драгиња Вукасиновиќ од опозициската СДП.

Повторно е кандидиран и Мило Ѓукановиќ.

Вести

Tри години затвор за хомофобија и трансфобија во Швајцарија

Објавено пред

Вчера, националниот совет на Швајцарија гласаше за криминализирање хомофобични и трансфобични дела и нивно казнување со казна затвор до три години. Советот гласаше со 118 гласа „за“ и 60 „против“ да се воведе казна затвор за овој чин.

Останува предлогот да биде усвоен од Советот на државите за и официјално да стане закон. Националниот советник, Матијас Рејнард, кој го поднесе предлогот, на „Твитер“ напиша: „Националниот совет ја прифаќа мојата парламентарна иницијатива против хомофобијата и трансфобијата! Прекрасен успех за човековите права! Конечен одговор во декември во Советот на државите“.

Рејнард рече дека одлуката на швајцарскиот парламент е одлична вест бидејќи испраќа многу моќна порака: хомофобијата не е мислење, туку е кршење на законот. Тој дополни дека додека работел на овој закон, дознал дека швајцарската судска пракса не казнува ниту омраза или говор на омраза кон ЛГБТ-луѓето.

Прикажи повеќе...

Вести

Путин потпиша закон кој овозможува блокирање интернет-страници

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон со кој на руските власти им се овозможува блокирање интернет-страници и изрекување казни за лажни вести и материјали што се сметаат за навредливи за државата и јавноста.

Новиот закон им дозволува на властите да блокираат интернет-страници и кориснички сметки кои објавуваат лажни вести.

Горниот дом на парламентот го одобри предлог-законот на 13 март, а долниот дом, Думата, даде конечна согласност на 7 март.

Прикажи повеќе...

Вести

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ пренесена во Париз

Објавено пред

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ што се урна во неделата е пренесена од Адис Абеба во Париз, соопштија од авиокомпанијата.

„Истражниот тим ја однесе црната кутија од авионот ‘боинг 737-8 макс’ во Париз за анализирање“, се наведува во соопштението.

Авионот се урна во неделата утрото, само шест минути по полетувањето, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот од најмалку 33 држави.

По несреќата, речиси во сите земји е донесена забрана за летови со моделите ‘боинг 737-8 макс’ и ‘боинг 737-9 макс’.

На крајот на минатата година во Џакарта се урна ист модел на авион како оној во Етиопија. Тогаш во несреќата загинаа 189 луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ4 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија4 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија5 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија5 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија6 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија8 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ9 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ9 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија10 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија12 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие