Контакт

Вести

Јапонија планира да го испрати најголемиот воен брод во Јужното кинеско море

Објавено пред

Јапонија планира во мај да го испрати својот најголем воен брод на три месеца во Јужното кинеско море, во најголемата демонстрација на својата воена поморска моќ во овој регион од Втората светска војна, изјавија три извора.

Кина го полага правото на речиси сите спорни води и нејзината растечка воена присутност предизвика загриженост кај Јапонија и Западот. САД одржуваат редовни воздушни и морски патроли, за да обезбедат слободна пловидба.

Носачот на хеликоптери Изумо, најголемиот јапонски воен брод, ќе вплови во Сингапур, Индонезија, на Филипините и Шри Ланка, пред да им се приклучи на заедничките поморски вежби со индиските и американските бродови во Индискиот океан во јули. Враќањето на Јапонија е предвидено во август.

Изумо, долг 249 метри, голем е како јапонските носачи на авиони од Втората светска војна и на него има активна ескадрила до девет хеликоптери.

„Целта е да се тестира способноста на Изумо со неговото испраќање во продолжена мисија“, рече еден од изворите запознаен со планот. „Тој ќе вежба со американската морнарица во Јужното кинеско море“, додаде изворот.

Портпаролот на јапонските поморски сили не ги коментираше ваквите најави.

Јапонската операција доаѓа во време кога се чини дека САД под администрацијата на Доналд Трамп зазема поостра позиција кон Кина. Вашингтон ја критикуваше кинеската изградба на вештачки острови и стационирањето на воена опрема за што постои стравување дека ќе се користи за ограничување на слободната пловидба.

Пекинг во јануари соопшти дека има „неоспорен“ суверенитет над спорните острови откако Белата куќа изјави дека ќе ги брани „меѓународните територии“. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт3 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт4 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт4 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт5 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника8 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...