Вести
Џонсон: Нападот во Лондон е напад врз целиот свет
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави во четврток дека жртвите на нападот во Лондон се по потекло од 11 земји и покажува дека нападот на Лондон е всушност напад врз целиот свет.
„Нашите вредности се посупериорни(од оние на екстремистите)…слобода, демократија, правна еднаквост на човечките суштества“, рече пред новинарите Џонсон, кој се наоѓа во Њујорк, бидејќи Велика Британија претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН), додавајќи дека е убеден оти екстремистите ќе бидат поразени.
Тој додаде дека државите ширум светот се обединуваат во борбата против одговорните за нападот и нивната „гнасна“ идеологија.
Џонсон рече дека екстремистите мораат да бидат поразени „во срцата и умовите“ на своите следбеници и додаде дека интернет провајдерите и компаниите кои управуваат со социјалните мрежи мораат да преземат одговорност и да ги тргнат сајтовите кои влијаат врз радикализацијата на луѓето.
Во нападот на Вестминстерскиот мост и подоцна на влезот во британскиот парламент учествувал еден напаѓач, беа убиени три лица, а над 20 се повредени.
Напаѓачот исто така беше убиен, кој со нож нападна британски полицаец, кој подоцна им подлегна на повредите во болница. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
