Вести
Обвинителството не ја открива сумата за случајот „Пајажина“

Обвинителството не открива на која сума е заокружено обвинението за случајот „Пајажина“. Објаснувањето на јавниот обвинител, Љупчо Шврговски е дека таа сума може да се менува за време на главниот претрес
„Нема да дискутираме за обвинението и тоа што е предмет на обвинението. Обвинителството што имало да коментира, искоментирало во тоа обвинение и со оглед на тоа што и вие често се залагавте за начелото на презумпција на невиност, ние нема да коментираме ништо во овој дел од постапката“ изјави Шврговски.За притисоците кои ги наведоа во соопштението, кога беше покренато обвинението за случајот „Пајажина“, обвинителството не пријавило ниту во Судскиот совет, ниту во советот за јавни обвинители, но повтори дека нема да подлегнат на овие притисоци. „Нема потреба да пријавиме, ние искоментиравме состојба која што не беше ни малку пријатна, ако за цело време од почнување на постапката се атакува на институцијата , ние низ соопштението го искажавме нашиот став, ќе бидеме истрајни докрај и во никој случај нема да потпаднеме на никаков притисок во тој дел“ рече Шврговски. Со оглед на тоа што обвинителката од случајот „Пајажина“, Гордана Гешковска работи на уште два големи предмети, „Надеж“ и „Изгрев“, се појавува недостаток на обвинители во обвинителството за организиран криминал. Шврговски во врска со ова најави дека ќе побараат од Советот дополнителен кадар за ова обвинителство.„Во секој случај ќе побараме на Совет со предлог да се прошири систематизацијата за основното обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, бидејќи досегашните кадровски потенцијали не ги задоволуваат барањата што произлегуваат од новите кривични пријави и сложеноста на предметите“ рече Шврговски.Со ова тој се надева дека ќе дојде до разрешница и на случајот „Надеж“ бидејќи, како што рече поголем број од обвинителите ќе можат побрзо и поефикасно да го совладаат приливот на работите. „Изгрев е апсолвиран предмет за колешката Гешковска и ќе мора докрај да го истурка“ рече Шврговски.Во врска со тоа дали обвинението за „Пајажина“ е пишувано во Охрид, Шврговски вели дека кога на обвинителот му е потребен мир тој има право да престојува надвор од обвинителството.„Нема сега да дискутираме за конкретни предмети, јас ви кажав дека во пракса кога на обвинителот му е потребен мир кога го ослободуваме од судења, не треба никој да го вознемирува, тој има право со други колеги и со лица коишто се потребни за работа на конкретен предмет да престојува надвор од обвинителството“ рече Шврговски.Покрај ова Шврговски најави дека за хашкиот случај „Непроштено“ ќе биде донесена одлука во април и уште еднаш повтори дека овие предмети не потпаѓаат под законот за амнестија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.
Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.
„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.
Вести
Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.
„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.
Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.
Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.
Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.
Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.
Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.
Денес протести за климата се планирани и на други места.
Вести
Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.
Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.
„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.
Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.
„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.
Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.
Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“