Вести
НАТО ќе формира единица за брзо дејствување против информатички напади
Министрите за одбрана на 28-те земји членки на НАТО одобрија во вторникот формирање единица за брзо дејствување којашто ќе ги штити информатичките мрежи на Северноатлантскиот сојуз во случај на кибернетички напад.
„Заклучивме договор за формирање тимови за брзо дејствување за заштита на информатичките системи на НАТО“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, пренесува AFP.
Министрите ја донесоа оваа одлука во текот на првиот министерски состанок посветен на темата на информатичката одбрана во НАТО.
„Станува збор за сериозен проблем кој сериозно го разгледуваме, бидејќи моќе да има разорни последици“, нагласил Расмусен.
Генералниот секретар прецизирал дека системот за заштита на НАТО од кибернетички напади ќе биде целосно оперативен од оваа есен.
Според Расмусен, во 2012 година мрежата на НАТО била соочена со 2повеќе од 2.500 случаи на абнормални информатички активности или обиди за упад“ или „еден на секои три часа, ден и ноќ, секој ден во годината“.
Заштитата на мрежата на НАТО е првата фаза од овој проект. Во текот на втората фаза ќе се разгледува како Алијансата може да одговори на потребата на сојузниците соочени со информатички напади, додал Расмусен и прецизирал дека „нападот на сојузниците сите може да ги зафати доколку брзо не го сузбиеме“.
„Разговорите се многу тешки бидејќи земјите не споделуваат исти цели, некои сметат дека информатичката безбедност во прв ред е во национална надлежност“, изјави генералниот секретар на НАТО и додал дека во прив време ќе се нарпедува со мали чекори, а единицата ќе има ва тима од по три лица.
Новиот американски министер за одбрана, Чак Хејгел, во петокот изрази загриженост од кибернетичките упади на кинеските хакери кои пред пет дена наводно дошле до нацрти на новите американски оружје, меѓу другите и на најмодерните ракетни системи.
НАТО по упадот на српските хакери во неговите систем во текот на војната на Косово во 1990 година постапно ја зајакнуваше информатичката обрана, а во 2008 година во естонската престолнина Талин го основаше Центарот за истражување и информатичка одбрана. Центарот веднаш по формирањето се најде под удар на киберентички напад, а Естонија за тоа ја обвини Русија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.