Вести
Кореа: Префрлањето на Сноуден во Еквадор зависи од Русија
Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа потврди дека давањето политички азил на поранешниот соработник на американската Агенцијата за национална безбедност (NSA) ќе се разгледува кога тој ќе биде на еквадорска територија, како и дека решението на ситуацијата е во рацете на руските власти.
„Ние не ја испровоциравме таа ситуација . Сноуден контактирал со (основачот на WikiLеaks, Џулијан) Асанж, тој го советувал да бора азил во Еквадор. За да тоа барање биде разгледано, тој мора да се наоѓа на еквадорска територија. Засега решението, односно судбината на Сноуден, зависи од руските власти“, се вели во интервјуто што еквадорскиот претседател Рафаел Кореа во ноќта кон неделата го дал за еквадорската телевизија Oromar, објавено во неделата на неговата официјална интернет страница.
Американецот Едвард Сноуден, кој го објави постоењето на масивната тајна американска програма за надгледување на електроничките комуникации низ целиот свет, од минатата недела се наоѓа во транзитната зона на меѓународниот московски аеродром Шереметјево каде што допатува од Хонгконг, каде што практично руските власти немаа овластувања.
Сноуден побара политички азил во Еквадор, чиј конзул во Лондон му издал на Американецот бегалски документи со кои може да патува низ целиот свет, кој како што кажа претходно претседателот Кореа, било наводно без негово знаење и конзулот ќе биде суспендиран.
Еквадор ги разлути САД кога му даде политичка азил во својата амбасада во Лондон на основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулија Асанж. Иако Вашингтон официјално не го бара Асанж, кому азилот му служи да ја избегне екстрадицијата од Велика Британија во Шведска каде што е баран за наводно силување и сексуално злоставување, но стравува дека Стокхолм ќе го предаде на САД каде може да биде суден за објавувањето на стотиците илјади доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, како и за тајната дипломатска пошта на американскиот Стејт департмент.
„Доколку пристигна на еквадорска територија, ќе го разгледаме неговото барање, како што го разгледавме и она на Асанж“, вели еквадорскиот претседател нагласувајќи дека „во овој случај ќе побара совет од САД“.
Претходно во саботата навечер, еквадорскиот претседател Рафаел Кореа изјави дека американскиот потпретседател Џозеф Бајден телефонски го побарал и од него побарал да ја одбие молбата за азил на поранешниот консултант на разузнавачките служби кого САД го барат по обвиненија за шпионажа и поради наводно протекување на доверливи информации за тајно следење на комуникациите и интернетот на милиони корисници во светот.
Како една од крајните дестинации на Сноуеден уште по неговото заминување од Хонгконг беше посочувана Венецуела, чиј претседател Николас Мадуро во средата изјави дека неговата земја би можела да го разгледа барањето за политички азил од Евдард Сноуден, доколку тој го поднесе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.