Вести
Меркел – Камерон: Неизбежна е меѓународна реакција на хемискиот напад во Сирија
Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон се согласни дека сириските власти мора да бидат повикани на одговорност поради употребата на хемиско оружје од 21-ви август во предградијата на главниот град Дамаск, пренесува во четвртокот Reuters повикувајќи се на соопштението на германската влада.
Меркел и Камерон имале телефонски разговор доцна ноќта, при што дошле до заеднички став во врска со извештаите за наводното користење на хемиско оружје од страна на сириските владини сили минатата седмица. Според двајцата европски челници, во моментов употребата на хемиското оружје е докажаа многу убедливо.
„Сирискиот режим не смее да се надева на тоа дека може да продолжи да го крши меѓународното право. Затоа, според канцеларката Ангела Меркел и премиерот Дејвид Камерон, меѓународниот одговор е неизбежен“, се вели во соопштенито на владата во Берлин што го цитира агенцијата.
Претходно во средата, германското министерство за надворешни работи ја поддржа предлог-резолуцијата на Велика Британија, за којашто во средата навечер зад затворени врати дискутираа постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите нации.
По едночасовна дебата, состанокот го напуштија постојаните претставници на Русија и на Кина, кои и претходно во три наврата блокираа резолуции за Сирија, според нив поради едностраноста во осудата само на владата на претседателот Башар ал-Асад, со што всушност не беше прифатена ниту оваа британска предлог-резолуција.
САД, кои ја поддржуваат употребата на сила како одговор на наводното користење хемиско оружје од страна на сириските владини сили што е дел од предлогот на Лондон, изразија подготвеност да ги продолжат консултациите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.