Вести
Статуа на Христос на врв од манастирска гора во Сирија
Скулпторска композиција со ликот на Исус Христос кој благословува е поставена седмицава на врвот од манастирска гора во Сирија, објави во четвртокот интернет страницата на Московскиот патријарх.
„Во Сирија, во манастирот на Херувимите, на историскиот аџиски пат од Цариград до Ерусалим, на врвот од брдото во близина на градот Сејднаја на надморска височина од 2.100 метри е поставена скулпторската композиција на Христос Спасителот со наслов ‘Јас дојдов да го спасам светот’“,.се вели во информацијата.
Споменикот е создаден со благослов на покојните патријарси Антиохиски и на целиот Исток, Ингатиј Четврти и Московскиот и на цела Русија, Алексеј Втори, а како и сегашниот челник на Антиохиската православна црква патријархот Антиохиски и на целиот Исток, Јоан Десетти. Доминантната скулптура е најголемата фигура на Христос на која со двете раце го благословува светот.
„Композицијата со ликот на благословувачкиот Христос, видлива од Либан, Јордан, Палестина и Израел, е направена да му донесе на регионот, зафатен од огнот она војната, мир, разбирање и надеж во заедничкото спасение“, се додава во информацијата на официјалната интернет страница на Руската православна црква.
Еден од кураторите на овој светски проект беше Миосковскат адуховна академија на Тројца-Сергеевската лавра. Споменикот бил поставен на 14-ти октомври, на празникот Покровот на Пресвета Богородица.
„Во текот на трите дена додека се изведуваа работите, завојуваните страни го прекинаа воените операции во областа и го набљудуваат поставувањето на композицијата“, се вели во соопштението.
Повеќето христијаните во Сирија, коишто ја поддржуваат власта на претседателот алавит (шиит) Башар ал-Асад, ја напуштија земјата последните две години откако избувнаа протестите кои прераснаа во граѓанска војна. Некои од нив се преселија во областите каде што е мнозинско христијанското население, како областа во кој се случи нападот во саботата. Сириските христијани се цел на сунитските исламистички бунтовници од почетокот на бунтот во март 2011 година, бидејќи на страната на бунтовниците се борат џихадистички и екстремни исламистички групации од платеници од исламски земји, од кои некои директно се поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Христијаните се особено ранливи во сирискиот судир во кој од март 2011 година загинаа најмалку 115 илјади луѓе, бидејќи сочинуваат околу десет отсто (арапски, асирски и ерменски христијани), од вкупно 22,5 милионско население на Сирија, не се вооружени и немаат своја милиција, какви што имаат другите етнички или верски заедници во оваа земјa./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.