Вести
Преведувач измамник на комеморацијата на Мандела размавтувал со рацете

Преведувач на знаковниот јазикот кој учествувал на комеморација на Нелсон Мандела, само разметувал со рацете во воздух и не го познава јазикот на знаците, изјавија во средата претставници на јужноафриканското здружение на глувонемите лица.
Станува збор за измамник, рекла директорката на агенцијата за Образование и развој на знаковниот јазик Кара Лоенг. „Заедницата на глувите лица на Јужноафриканската Република е во шок“, рекла за AFP.
Друг експерт за знаковен јазик, официјален преведувач на Здружението на глувите на Јужноафриканската Република, Делфин Хлунгване рекол дека преведувачот измамник „гестикулираше и мавташе со рацете во сите насоки, целосно занемарувајќи ја граматиката, структурата на реченицата и покажа непознавање од правилата на знаковниот јазик. Не преведе ништо, а неговото павтање со рацете во воздухот не значеше ништо. Знаците сами ги измислил“.
Случајот во средата крена доста прашина во Јужноафриканската Република, владината служба за односи со јавноста вети одговор, но во текот на денот се уште го немаше испратено, забележуваат медиумите.
„Ниту глувонемите лица, ниту толкувачите на знаковниот јазик во Јужноафриканската Република не го познаваат лицето коешто преведуваше. Уште никој не го знае ниту неговото име“, изјавил Хлунгаве, додавајќи дека тоа лице претходно не работело ниту за една телевизиска станица.
На прашењето за можноста толкувачот да применил некој друг знаковен јазик различен од оној што се практикува во ЈАР, Хлунгаве одговорил дека ниту глувонемите гледачи од другите земји во светот не успеала да ги сфатат знаците на овој „мистериозен преведувач“. Потрагата по него е во тек./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Откриени 12 мигранти во камион ладилник со овошје и зеленчук во Белгија

Белгиската полиција синоќа објави дека открила 12 мигранти скриени меѓу овошје и зеленчук во камион ладилник.
Mигрантите, од кои 11 сириски државјани и еден од Судан, биле пронајдени во вторникот вечерта во добра здравствена состојба.
Полицијата ја повикал возачот на камион кој се сомневал дека има скриени луѓе во возилото. Мигрантите биле откриени на патот што ги поврзува белгискиот град Антверп со Холандија.
Полицијата не соопшти каде оделе мигрантите.
Минатата недела во камион ладилник во Велика Британија беа откриени 39 тела на мигранти што смрзнале до смрт.
Вести
(Видео) Големи пожари во Калифорнија, наредена итна евакуација

Властите во Калифорнија наредија евакуација на неколку стотици луѓе од населбата Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради големите шумски пожар во округот Сонома. Американските медиуми објавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.
Fire danger continues to be high. 10,000 acres and growing in #sonomacounty Evacuations in place for many areas. @sonomasheriff is a good source for information. Video: @kentphotos #news #california #wildfire #firefighters pic.twitter.com/VXmvLWG5He
— Southern Marin Fire (@SMFDinfo) October 24, 2019
Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека пожарот, кој се шири поради силните ветрови, досега има зафатено површина од речиси 10.000 акри.
Шерифот на округот Сонома нареди задолжителна евакуација за Гејзервил, во која живеат околу 900 луѓе.
Метеорологот Марк Шенард изјави дека ветерот ќе достигне најголема брзина во текот на вечерта и ќе продолжи утре. Тој предупреди дека Северна Калифорнија ќе ја погодат ветрови со брзина до 72 километра, кои нема да ослабат и за време на викендот.
Вести
(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.
Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнале пожари во неколку метро станици, извршиле грабежи во повеќе продавници и запалиле градски автобус.
Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.
Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми