Контакт

Вести

На Женева 2 – 'вербална војна', песимизам и оптимизам

Објавено пред

Делегациите на сириската влада и на опозицијата во егзил во средата првпат од избувнувањето на конфликтот пред три години се најдоа директно соочени едни наспроти други на мировната конференција во швајцарскиот град Монтре, на која, како што се надеваат светските сили, може да започне процесот за ставање крај на граѓанската војна, меѓутоа наместо церемонијалниот почеток состанокот веднаш започна со вербални препирки, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Конференцијата ја отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, со повикот на конструктивен дијалог, меѓутоа известувачите од настанот забележуваат дека соговорниците како воопшто да не го слушнале. Така, челникот на сириската опозициска коалиција во егзил која соработува со вооружените бунтовнички сили нa боиштето во Сирија, Ахмад Џарба, го обвини сирискиот претседател Башар ал-Асад дека владее во „нацистички, злосторнички стил“ и побара сириската влада итно да потпише меѓународен план, којшто западните сили и сунитскита арапски земји од регионот коишто ги поддржуваат сунитските сириски бунтовници го препознаваат како Женевска изјава од средбата на 30-ти јуни 2012 година во Женева, за политичка транзиција на земјата. Исто така, според споменатите страни, оваа изјави претпоставува отстранување од иднината на претседателот Асад и членовите на неговата влада од политичката иднина на земјата, и формирање преодно тело коешто ќе ги има сите извршни овластувања.

„Ние целосно сме согласни со тој план. Сакаме да бидеме сигурни дека во оваа просторија имаме партнери за тоа“, рече Џарба гледајќи во официјалната сириска делегација . „За Сиријците време сега се мери со крв“, порача Џабра до меѓународната заедница.

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем, истакна дека претседателот Башар ал-Асад нема да им се покорува на абрањата однадвор, а опозицијата ја нарече „побунети терористи“. Земјите коишто ги поддржуваат, а многу од нив имаа свoи претставници меѓу 40-те странски делегации, ги обвини дека имаат „крв на нивните раце“. Во жестокиот говор, ал-Муалем нагласи дека независната сириска држава ќе стори сé што е потребно да е одбрани, и обраќајќи му се директно на американскиот државен секретар Џон Кери порача „Никој на светот нема право да го доведува во прашање легитимитетот на претседателот, уставот или законот, освен сирискиот народ“.

Сирискиот министер за надворешни работи влезе и во полемика со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун бидејќи говореше многу повеќе од 10-те минути на колку што Бан како претседавач со конференцијата, ги ограничи говорниците. „Имаме право овде да ја изнесеме сириската верзија“, изјави ал-Муалем игнорирајќи ги обидите на генералниот секретар да го преките, образложувајќи дека во светот се пласираат верзии за ситуацијата во Сирија од аспект само на противниците на претседателот Асад.

Клучното прашање на Женева 2, како и што претходно се знаеше, е проблемот на политичката иднина на Башар ал-Асад, за што покрај сириската власт и позиција, спротиставено мислење имаат и Русија и САД, како поддржувачи на едната и на другата страна. Американскиот државен секретар Џон Кери и во Монтре остана цврсто на ставот дек претседателот Башар ал-Асад мора да ја напушти власта, додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека никој однадвор не смее да се меша во внатрешните односи на Сирија.

Кери порача дека САД гледаат само една опција – преодна влада којашто ќе ја одобрат двете страни. „Тоа значи дека Башар ал-Асад нема да биде дел од таа преодна влада. Воопшто не доаѓа предвид човекот кој така брутално постапува со сопствениот народ да може повторно да добие легитимитет да владее со земјата“, изјави Кери. Лавров, пак, повторни дека никој од надвор не смее и не може да го исходот од преговорите за воспоставување на преодна влада и нагласи дека Иран, како главен регионален поддржувач на Асад, мораше да биде на состанокот во Монтре.

Конференцијата Женева 2 се одржува по покровителство на Обединетите нации, на иницијатива на Русија што веднаш ја прифатија САД, а покрај двете супер сили покровител е и специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, алжирскиот дипломат Лакдар Брахии. Тие со месеци наназад вложија големи напори на преговарачката маса да ги доведат на преговарачката маса двете сириски завојувани страни, особено разединетата сириска опозиција којашто поставуваше услови до последниот ден, како во случајот со повлечувањето на поканата за учество на Иран, што го стори Бан Ки-Мун под притисок на Вашингтон.

Бан изјави дека би било „непростливо да се пропушти оваа можност“ за завршување на тригодишната војна, којашто сунитските вооружени бунтовници ја започнаа во март 2011 година под влијание на ткн Арапска пролет со кој во редица арапски земји беа сменети децениските автократски режими и во која загинаа повеќе од 100 илјади луѓе а околу 9,5 милиони се внатрешно и надворешно раселени.

На преговорите учествуваат и четири организации, Обединетите нации, Европската унија, Арапската лига и Организација на исламската конференција, и четириесетина поканети земји, меѓу кои има и такви коишто немаат никаква допирна точка со регионот, ако земји од Латинска Америка, од Јужна Азија, Јужна Африка….

Бан Ки-Мун отворајќи ја конференцијата во Монтре го истакна кршењето на човековите права коишто ги сториле сите завојувани страни и побра веднаш да се осигури пристап до местата кои се под опсада за да може на тамошното население да му биде доставена хуманитарната помош. „По речиси три болни години и патења во Сирија, денеска е денот на кревката, но вистинска надеж“, истакна Бан повикувајќи ги двете страни на сеопфатно решение коешто ќе се темели на Женевската изјава. „Големи предизвици се пред нас, но тие не се непремостливи“, изјави генералниот секретар на светската организација.

Сепак, никој нема преголеми надежи дека конференцијата во Монтре по којашто, како што е најавено треба да уследат почнувајќи од петокот во Женева преговори меѓу двете сириски страни со посредство и специјалниот претставник Брахими и со олеснување од руска и американска делегации. Особено се разочарани повеќето од бунтовничките групи на боиштето, меѓу кои и исламистичките, коишто сметаат дека е извршено предавство од страна на опозициските групи коишто се решија да седнат на преговарачката маса заедно со власта и сметаат дека со поддршка на западот имаат намера по пост-асадовиот период да ја преземат власта во Сирија.

Но италијанската министерка за надворешни работи Ема Бонино на прес-конференција во рамките на маргините на Женева 2 изрази оптимизам дека двете сириски страни во петок ќе ги започнат преговорите. „Постојат добри шанси, дека сириските страни ќе ги продолжат преговорите во петок“, рече Бонино.

Генералниот секретар Бан Ки-Мун, исто така, конференцијата ја смета за продуктивна и конструктивна. „Тоа беа многу важни преговори, и минаа конструктивно“,рече Бан. Генералниот секретар им се заблагодари на учесниците на конференцијата и истакна дека сé уште претстојат сложени преговори, Тој, исто така, изрази надеж дека рускито министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери и натаму активно ќе учествуваат во натамошните напори за мирно надминување на војната во Сирија.

Доколку во првата фаза од преговорите сириските страни успеат заеднички да се изјаснат за зачувување на секуларна Сирија, тоа ќе претставува важен сигнал, рече шефот на руската дипломатија. Според Лавров, во процесот на меѓусириските преговори треба да се движат од „едноставното до сложеното“. „Едноставни работи нема во ваква ситуација. Меѓутоа релативно помалку сложените нешта, како на пример зацврстувањето на меѓусебната доверба, пристапот до хуманитарната помош, размена на затворениците, и преку тоа да се создадат какви и да се контакти меѓу двете делегации“, изјави Лавров.

„Што се однесува до блиските задачи, чувствувам задволство, што сега, според мене, расте интересот за концепцијата за којашто претседателот Владимир Путин повеќепати зборуваше, односно дека, во прв ред, во овој меѓусириски процес треба да се зборува за тоа како Сиријците сакаат да ја видат својата земја и како оваа визија ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница“, изјави шефот на руската дипломатија. Лавров додаде дека таквите очекувања „се темелат на почитувањето на основните начела на меѓународното право, суверенитетот, територијалниот интегритет, почитувањето на правата на малцинските заедници и обезбедувањето на нивниот полноправен статус во општеството“.

„Доколку во првата фаза од процесот на преговорите, станите успеат заеднички да се изјаснат во позла на создавањето на таква Сирија, во полза на зачувувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, мултиконфесионалноста, нејзиниот секуларен карактер, сметам дека самото посебе тоа претставува многу важен сигнал“, истакна Лавров. Според него, и мерките за градење на меѓусебната доверба и заедничката позиција за тоа како ја гледаат Сиријците иднината на својата земја, ќе „создаде критична маса за решавање на посложените проблеми“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија3 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија3 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија4 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија14 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија15 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија15 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија16 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија17 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија18 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија18 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија18 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија19 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија19 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....