Контакт

Вести

Колумбиските бунтовници сами ги казнија извршителите на терористички напад

Објавено пред

Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK) објавија дека самите ќе ги казнат своите припадници коишто учествувале во терористичкиот напад во градот Прадера во средината на јануари која загина еден а беа ранети 56 луѓе, пренесуваат колумбиските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случи на 16-ти јануари во градoт Прадера, во близина на зграда на локалната администрација и посетен бутик. Во специјалното соопштение од петокот по тој повод FARK истакнува дека неколку дена ги испитувале околностите на крвавиот терористички напад и доле до заклучокот дека групата којашто го извршила била под команда на еден од водачите од средно ниво, кој претходно бил во составот на FARK.

Раководството на колумбиското герилско движење ветува во соопштението дела кон сторителите ќе преземе дисциплински мерки, но кои точно не е наведено. Според соопштението на бунтовниците, тие немале намери да вршат напади врз цивили, но истакнуваат дека тоа не ја намалува одговорноста за она што се случило на членовите на организацијата.

Претставници на колумбиската влада и на FARK на 19-ти ноември 2012 година на Куба започнаа преговори за ставање крај на речиси полувековниот конфликт во кој загинаа повеќе од 100 илјади луѓе, а милиони мораа да ги напуштат своите домови. Досега беа одржани девет круга на преговорите а во мај 2013 година беше постигнат договор со кој се повикува на економски и социјален развој на руралните области, а договорено е и делумна поделба на земјата на локалното население, што го решава еден од главните проблеми поради кои FARC во 1964 година го започна бунтот. Колумбиската влада се обврза да ги подобри услугите и инфраструктурата во руралните подрачја во рамките на широките напори за намалување на долгогодишните социјални и економски нееднаквости, а како едно од големите прашања беше прашањето за учеството на FARC во политичкиот живот на Колумбија.

Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 година претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илјади. Според колумбиското министерство за одбрана, во моментов бројката на борците е и до 60 отсто помала отколку во 2000 година, или приближно осум илјади борци.

Успехот во борбата против оваа пaравојска му се припишува на поранешниот претседател Алваро Урибе, чиј татко во 1983 година беше киднапиран и убиен од оваа организација. Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанска војна. Неговата политика доби значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД.

Во 2008 година, FARC за кусо време загуби три од седумте високи команданти. На 1-ви март таа година во напад на колумбиската војска врз камп на FARC на територијата на Еквадор беше убие Раул Рејес, на 7-ми март шефот на внатрешната безбедност на FARC, за награда од милион долари го уби вториот човек во раководството на герилата, Иван Риос, и на 26-ти март од срцев удар почина основачот и лидер на формацијата, 78-годишниот Мануел Маруланда.

Со смртта на почетокот од ноември 2011 година на 63-годишниот Алфонсо Кано, еден од неколкумината од кои потекна идејата за формирање на FARC и главниот идеолог на движењето, можноста за добивање поддршка од локалното население и за спротиставување на владините сили за „изградба на Нова Колумбија“, е навистина доведена во прашање./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија38 минути

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион1 час

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...