Контакт

Вести

Крим и' упати предлог за присоединување на Русија

Објавено пред

Парламентот во Симпферопол упати во понеделникот на вонредна седница предлог до Русија за го присоедини Крим, досегашната јужна проруска автономна украинска република чиишто жители на референдумот во неделата со огромно мнозинство се изјаснија дека сакаат да влезат во составот на Руската Федерација како автономен субјект.

dobivaj vesti na viber

Парламентот „и’ упати предлог на Руската Федерација да го прими Крим како нов субјект со статусот на република”, се наведува на интернет страницата на кримскиот парламент, пренесува Итар-Тасс.

Кримската парламентарна делегација треба подоцна во понеделникот да отпатува за Москва за да ја разгледа постапката којашто е неопходна за присоединување на овој црономорски полуостров кон Русија. Челникот на парламентот во Симферопол, Владимир Константинов изјави дека украинските воени единици на Крим ќе бидат распуштени.

Присоединувањето на Крим на Русија го поддржаа 96,77 отсто од гласачите на референдумот што се одржа во неделата, објави во понеделникот по пребројувањето на сите гласови претседателот на Републичката изборна комисија на Крим, Михаил Малишев, истакнувајќи дека одѕивот изнесувал 83 отсто од сите речиси 1,8 милион кримски избирачи, што значи дека за присоединувањето гласале и најголем дел од етничките Украинци, кои сочинуваат 24 отсто и кримските Татари – 12 отсто од населението на полуостровот.

Околу 1,8 милиони регистрирани избирачи во јужната украинска автономна република Крим во недела гласаа на референдум за да се изјаснат каде ја гледаат својата иднина, во Украина или Русија. Врховниот совет (владата) на јужната украинска автономна република Крим, каде мнозинство се етничките Руси и русофоните а се наоѓа и седиштето на руската Црноморска флота, на 6-ти март распиша референдум на кој населението ќе одговара на две прашања: Дали сте за повторно обединување на Крим со Русија со овластувања на субјект на Руската Федерација? И Дали се за обновување на Уставот на Република Крим од 1992 година и за статусот на Крим како дел од Украина? Гласачкото ливче е отпечатено на трите јазика, руски, украински и кримско-татарски, а за решение ќе биде сметан оној одговор за кој ќе се изјаснат повеќе од половината излезени избирачи.

Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распушти тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим, го отстрани од должноста, но за возврат му даде широка автономија со право на самоодлучување.

Крим останува и денес симбол на рускиот идентитет. За многу Руси овој полуостров е дел од Русија кој од 1991 година е заробен во туѓа земја. Важноста што ја има Крим за Русија од историски, културен, воен и геополитички аспект се непроценливи.

Историјата на Крим кој Русија дефинитивно целосно го завладува кон крајот на XVIII век во времето на царицата Катерина Велика, е исполнета со симболиката на рускиот идентитет од царскиот и советскиот период. Полуостровот е место и од големо културолошко значење и за Руската православна црква, каде кнезот Владимир Велики, средновековниот владетел на Киевска Русија, претходничката на модерна Русија, го примил христијанствотои го раширил меѓу својот народ. На Крим се воделе и крвавите судири во Кримските војни и во Втората светска војна.

Крим бил дел и од царска и од советска Русија повеќе од 170 години, додека советскиот комунистички челник Никита Хрушчов, етнички Украинец со указ во 1954 година не го припоил на Украина. Оттаму, многу Руси референдумот го гледаат и како моќност да се исправи она што го сметаат за историска неправда.

Украинците, пак, не мислат да го отстапат Крим и неговото присоединување кон Русија го сметаат за нарушување на нивниот територијален интегритет и суверенитет. Се откажаа од наводна воена опција за враќање под своја контрола на полуостровот, но мислат да се борат со дипломатски и политички средства. Киев, поддржан од САД и ЕУ го прогласи референдумот за нелегитимен, а вршителот на должноста украински премиер Арсениј Јаценјук изјави дека „Украина нема да ѝ отстапи ни педа земја на Русија”./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија8 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија10 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија13 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија18 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија18 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија18 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија21 час

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет22 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет22 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...