Вести
Русија и САД ќе бараат ‘допирни точки' за решавање на украинската криза
Русија и САД имаат различни ставови за причините за украинската криза, но имаат намера да бараат „точки на приближување„ за нејзино дипломатско надминувања, изјави во Париз ноќта кон понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по четиричасовниот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери.
„Ги изразивме различите ставови за причините за оваа криза, но, сепак, се согласивме за неопходноста да се побара заедничка основа со цел да се изрази заеднички став за тоа како на дипломатски начин да се излезе од оваа ситуација во интерес на украинскиот народ”, изјавил Лавров.
Двете страни се согласиле да работата со украинската влада за да се осигури и почитување на малцинските права, разоружување на провокаторите, спроведувањето на уставните реформи и спроведување на изборите под објективен мониторинг.
„Се согласивме да работиме со украинската влада и со украинскиот народ во најшироката смисла на зборот, со цел да се постигне напредок во остварувањето на овие приоритети, како што се заштитата на правата на националните малцинства, јазичните права, постигнување на целите во сферата на разоружувањето на нерегуларните единици и провокаторите, реализација на инклузивниот процес на уставните реформи и одржување на слободни и праведни избори под објективно меѓународно набљудување”, додал Лавров.
Шефот на руската дипломатија, исто така, истакнал дека Москва и Вашингтон „ги дале своите предлози за тоа како може да се постигне деескалација на ситуацијата” во Украина, пренесе РИА Новости.
Од друга страна, според BBC, „нема сигнали дека е постигнат напредок”, а Reuters ги најави одвоените прес-конференции.
Целта на ова средба беше да се развие предлогот кој го зацртаа Кери и Лаворв во текот на претходната средба минатата седмица во Хаг, за да се намалат тензиите околу присоединувањето на Крим кон Русија.
Средбата во Париз беше свикана итно, откако моќта кон саботата за тоа се договорија во телефонски разговор американскиот претседател Барак Обама и рускиот челник Владимир Путин.
Претходно Лавров постави повеќе предлози и барања на руската страна, да се гарантира блоковска неутралност на Украина, како и нејзина федерализација со цел да се заштити големото руско малцинство и рускојазичното население во источните и јужните украински региони. Лавров, исто така, категорички негираше дека Русија планира инвазија врз Украина, како што тврди Западот. Меѓутоа, пред средбата во Париз, министерот за надворешни работи истакна дека Москва ќе ги штити правата на Русите и русофоните во соседната држава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.