Контакт

Вести

Анкети: Трамп пред Клинтон во две клучни држави, на 3 отсто ја намалил нејзината предност

Објавено пред

Републиканскиот кандидат на американските претседателски избори на 8-ми ноември ја надминал според популарноста демократската ривалка Хилари Клинтон на Флорида и во Пенсилванија, покажува истражувањето на јавното мнение спроведено од Quinnipiac, додека исто така во средата објавеното истражување на агенцијата Marist покажува дека на 3 процентни поени ја намалил нејзината предност меѓу американските избирачи. 

dobivaj vesti na viber

Анкетата на Quinnipiac ги опфаќа одговорите на испитаниците откако Федералното биро за истраги (FBI) ги објави своите заклучоци во врска со истрагата за користењето на приватната електронската пошта на Хилари Клинтон наместо службената за доверливи дипломатски преписки во периодот додека беше државна секретарка. Притоа е очигледно дека иако заклучоците на FBI и на државната обвинителка дека нема причини за подигнување обвинение против Клинтон, таа загубила проценти од довербата кај гласачите која станува збор за чесноста и етичноста.

Анкетата укажува на неизвесни трки во сојузните држави Флорида, Пенсилванија и Охајо, држави каде што гласачите уште не се одлучиле и на кои на ноемвриските избори би можеле да победат или републиканците или демократите.

Анкетата на Quinnipiac, спроведена од 30-ти јуни до 11-ти јули на речиси 3.000 испитаници, покажала дека Доналд Трамп е сериозен противкандидат на Хилари Клинтон во споменатите три сојузни држави една седмица пред почетокот на републиканската конвенција во Кливленд, на којашто формално треба да биде номиниран за претседателски кандидат на изборите на 8-ми ноември.

Испитувањето е спроведено телефонски на 1.015 луѓе на Флорида, 955 во Охајо и 982 во Пенсилванија и има маргина на грешка од три процентни поени во сите три држави.

Питер А. Браун, помошник директор за истражување, вели дека не постои сигурна врска меѓу падот на популарноста на Клинтон на Флорида и заклучокот на FBI дека невнимателно постапувала со владината електронска пошта и доверливите информации, додека била државна секретарка. Но додава дека ја загубила предноста во очите на јавноста во однос на Трамп кога станува збор за моралот и чесноста.

Клинтон загубила 8 процентни поени на Флорида, каде Трамп добил поддршка од 42 отсто од испитаниците а таа 39 отсто. Во Охајо и двата кандидата имаат по 41 отсто поддршка, додека во Пенсилванија води Трамп со 43 пред Клинтон со 41 отсто поддршка.

Истражувањето на социолошката агенција Marist за телевизија NBC News и за весникот The Wall Street Journal, објавена претходно седмицава, покажа дека во Пенсилванија има сосема поинакви резултати – Клинтон има поддршка од 45 отсто, а Трамп 36 отсто. Оваа анкета е спроведена од 5-ти до 10-ти јули на 829 испитаници со маргина на грешка од 3 процента.

Претходно во вторникот испитувањето на Ipsos за Reuters, покажа дека на национално ниво Клинтон води пред Трамп со 13 процентни бодови. Оваа анкета спроведена преку интернет од 8-ми до 12-ти јули на 11.46 избирачи со маргина н можна грешка од три отсто, покажува дека Клинтон има поддршка од 46 отсто а Трамп од 33 отсто.

Меѓутоа, анкетата на Marist спроведена заедно со издавачкиот холдинг „The McClatchy Company“ објавена во средата, покажува, пак, дека Трамп успеал за 3 процентни поени да го намали заостанувањето зад Клинтон меѓу американските гласачи.

Според оваа анкета, спроведена од 5-ти до 10-ти јули над 1.249 полнолетни Американци од целата територија на САД, дека во ноември се подготвени да гласаат за Трамп рекле 39 отсто, додека за Клинтон 42 отсто од испитаниците. Истовремено експертите кои го спровеле ова истражување нагласуваат дека тие првпат регистрирале пад на популарноста на поранешната прва дама на САД под 50 отсто од гласачите.

Истовремено 64 од испитаните Американци рекле дека не се наклонети на милијардерот, а негативен однос кон поранешната државна секретарка имаат 60 отсто од испитаниците. Клинтон ја поддржуваат 57 отсто од поддржувачите на нејзиниот довчерашен противкандидат за демократската номинација Берни Сандерс, кој во вторникот се откажа до трката во нејзина полза. Трамп, пак, го поддржуваат 60 отсто од поддржувачите на неговите поранешни ривали во републиканскиот табор.

Популарноста на Клинтон е највисока меѓу црнечкото население и изнесува 81 отсто, каде Трамп има поддршка од само 6 отсто. Клинтон е попопуларна, исто така, и меѓу жените и хиспаноамериканците, а Трамп, пак, повеќе се расположени да го поддржат мажите и белците. Според анкетата, 48 отсто од испитаниците ја поддржуваат поранешната прва дама затоа што не им се допаѓа кандидатурата на бизнисменот, а 56 отсто ќе гласаат за Трамп затоа што Клинтон кај нив не предизвикува никакви симпатии./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија5 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија9 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија10 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија10 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија13 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија15 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет15 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет16 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија16 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија16 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет16 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет17 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет17 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...