Вести
Белиот полицаец кој уби црн тинејџер даде отказ

Белиот 28-годишен полициски службеник Дарен Вилсон кој во август во гратчето Фергусон го уби 18-годишниот црн тинејџер Мајкл Браун, за кој се тврди дека бил невооружен, откако во понеделникот од големата порота на сојузната американски држава Мисури беше ослободен од судски прогон, поднел отказ во полицијата, објавија локалните медиуми.
Во телефонски разговор, неговата локација се’ уште не се открива, за локалниот весник St Louis Post-Dispatch, Дарен Вилсон изјавил дека го поднел отказот по низата закани упатени до полицијата во којашто работел шест години.
„Го давам отказот своеволно Не сум подготвен на тоа некој да настрада поради мене“, рекол Вилсон, кој пред поротата се бранеше со тврдењето дека пукал во самоодбрана откако Браун се обидел во полициското возило да му го одземе службениот пиштол наспроти тврдењата на очевидци дека црниот тинејџер бил убиен надвор од возилото и додека невооружен ги држел рацете во воздух во знак на предвање.
Одлуката на големата порота да се откаже од судско процесуирање на полицаецот, со образложение дека нема доволно докази за пукањето на Вилсон, предизвика протести и безредија како во ова предградие на Сент Луис, така и ширум САД.
„Ми рекоа дека моето задржување на работата би можело да ги доведе во опасност жителите и полицајците во градот Фергусон, што не можам да го дозволам“, се наведува во писмениот поднесок на отказот објавен во весникот.
„Безбедноста на другите полициски службеници и заедницата ми се од најголемата важност. Се надевам дека мојата оставка ќе ѝ овозможи на заедницата да заздрави“, додава Вилсон.
Американското министерство за правосудство независно од истрагата на големата порота на Мисури, посебно го истражува инцидентот поради можност од кршење на граѓанските права, и одделна истрага поради слабиот одговор на локалната полиција на првиот бран насилни протести во август./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.