Контакт

Вести

Британија објави фотографии од руски ракетни систем во Украина

Објавено пред

Велика Британија објави во средата фотографии кои прикажуваат, како што тврди најнапредни руски противавионски систем во источна Украина, оценувајќи дека тоа дополнително ја докажува руската вмешаност во судирот.

dobivaj vesti na viber

Британското министерство за надворешни работи објави иконографика со детали и од системот „земја-воздух“ „Панцир“ или СА-22 според западна номенклатура, фотографии објавувани во медиуми и изјави на аналитичари кои велат дека системот неколкуте последни седмици се наоѓа на истокот на Украина.

„Фактот дека СА-22 се наоѓа во источна Украина, е уште еден доказ за руската воена вмешаност во судирот“, изјави британскиот амбасадор при НАТО Адам Томсон кој ги објави фотографиите на Twitter со текст на англиски, украински и руски јазик.

Кон средината на ноември 2014-та, година британската амбасада во Киев, исто така на Twitter, објави „прирачник“ како да се препознае руски тенк од типот „Т72 БМ“ кој наводно го докажува руското воено присуство на украинскиот исток. Тенкот „Т72 БМ“ е од руско производство и се тврди дека не е во вооружувањето на украинската армија. Меѓутоа, токму фотографии на овој тенк снимени наводно во источна Украина разни медиуми ги објавуваа со разни датуми пред да изнесе британската амбасада.

„Светот е вознемирен ?#?Дебалцево.?#? Русија мора да ги исполни договорите од Минск и да го изведеа оружјето од Украина, на пример, ова“, беше објавено на твитот на амбасадорот Томсон.

На една од фотографиите без времето и местото на снимките шематски се опишува „Панцирот“ под другите три кои со дата од 24-ти јануари, и 4-ти и 5-ти февруари, и се посочува дека снимките се направени во Шахтерск и Донецк.

Во руските медиуми веднаш објавија дека под две од фотографиите се отвор линк до страница на интернет која нема поврзаност со оваа тема. Под третата пак линкот води до страницата на порталот за новинарски истражувачки стории Billingcat на кој е прикажан камиот „камаз“ опремен со систем кој потсетува на ракетниот систем „Панцир“. Фотографијата е направена во магливо време, и се гледаат снег, локви, дрвја и бетонски ѕид. Сајтот Billingcat и претходно објавуваше голем број фотографии на руска воена опрема, од кои повеќето географски се поврзани со конкретни координати на картата на светот. Овие фотографии на сајтот Billingcat немаат дефинирани координати, туку се придружени со потписот „Шахтерск“. Притоа, за првата снимка на Billingcat се одбележува дека е снимена на 23-ти јануари во Ростовската област, од руската страна на границата.

Руски експерти за РИА Новости посочиле и дека овие слики биле објавувани од страна на украински блогери и активно биле ширени преку социјалните мрежи. На социјалните мрежи сетот снимки наводно од Шахтерск се среќаваат повеќепати, истакнуваат Најраната и најквалитетна снимка од прикажаните датира од 28-ми јануари „Каде се случува ова? Би било убаво да се дознае каде. Можно е #Донецк“, се наведува под снимката, пишува руската агенција.

Другите две снимки, пишува натаму, може да се најдат на друга објава на амбасадата на Велика Британија во Киев на сајтот armamentresearch.com, каде што се истакнува дека се снимени „минатата седмица“, односно не на 24-ти јануари и 5-ти февруари, туку од 26-ти јануари до 1-ви февруари, според датумот на нивното објавување. Притоа наместо една од фотографиите пишувало само „руски ’Панцир’ во Украина’ а за другите две било наведено дека не се добиен од официјални извори, туку дека се преземени од социјални мрежи.

Минатиот петок американскиот информативен портал BuzzFeed News пишуваше дека републиканскиот сенатор Џим Инхов од сојузната држава Оклахома, изјавил дека бил „разгневен“ кога дознал дека материјалите кои му ги доставиле, а потоа биле објавени во медиумите како доказ за руското воено присуство во источна Украина, биле фалсификувани.

Сенаторот изјавил за порталот дека „инкриминирачките материјали“ ги добил од украински парламентарци во декември. По не многу ригорозната проверка „доказите“ беа објавени во весникот близок на конзервативците Washington Free Beacon. Меѓутоа, читателите многу брзо реагирале дека тие фотографии биле направени на други боишта и неколку години порано, пишува BuzzFeed News.

„Претставниците на украинскиот парламент коишто ни ги предадоа тие фотографии во печатен формат, наводно директно од камера, си направија мечешка услуга. Претпоставувавме дека со увереност можеме да ги објавиме тие фотографии, како илустрации за репортажа за настаните во регионот. Бев бесен кога дознав дека еден од фотографиите била направена од агенцијата Associated Press во 2008 година“, изјавил сенаторот Инхоф.

„Пред да ги искористат фотографиите оваа седмица, соработниците на сенаторот се поврзале со професор од универзитетот Џорџтаун, кој рекол дека може да потврди дека тие снимки се направени меѓу 24-ти август и 5-ти септември на истокот од Украина. Ние потоа ги скениравме снимките за Free Beacon“, појаснила портпаролката на сенаторот Инхоф, донела Хардер, истакнувајќи дека пред објавувањето тие не направиле проверка на сликите преку пребарувачот Google Притоа Хардер истакнала дека подоцна се покажало дека фотографиите потекнуваат од агенцијата Associated Press и биле направени за време на грузискиот конфликт во 2008 година, кога руската армија изврши инвазија, а потоа соработниците од кабинетот на сенаторот пронашле и други фотографии кои биле претходно поставувани на интернет.

Од кабинетот на сенаторот ги споменале имињата на оние кои ги предале фалсификуваните фотографии, а од порталот забележуваат дека меѓу нема ниедна личност која е позната на Западот или е високо позициониран украински функционер. Зборувајќи за пехот, сенаторот Инхов изјави дела „сепак има доволно докази за присуството на руските тенкови во источна Украина“./крај/мф/сн

Извор: AFP/РИА Новости/ BuzzFeed News

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион60 минути

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион1 час

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа2 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет2 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа2 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија14 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија16 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија18 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија19 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија20 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ21 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија21 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија21 час

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...