Контакт

Вести

Џихадистите ги контролираат сите сириски премини кон Ирак и половина од земјата

Објавено пред

Џихадистите од екстремната сунитска група Исламска држава, го заземаа во четвртокот навечер и последниот граничен премин на сириско-ирачката граница кој беше во рацете на силите лојални на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, а џихадистите веќе контролираат половина од сириската територија.

dobivaj vesti na viber

„Борците на Исламската држава го заземаа граничниот премин ал-Танаф на границата со Ирак (…) откако режимските сили се повлекоа. Режимот нема повеќе никаква контрола над границата со Ирак“, се вели во објавата на SOHR, невладина организација којашто ја води сопственик на сириски ресторан во Лондон и е проклонета кон сириската сунитска вооружена опозиција којашто ја има поддршката од Западот и сунитските земји во регионот.

Граничниот премин ал-Танаф, кој во Ирак се вика ал-Валид, е 240 километри оддалечен од историскиот град Тадмур (арапски назив за Палмира) кој Исламската држава го зазема во средата. Со освојување на овој град стар повеќе од две илјади години, а сместен на крстосувањето на патиштата коишто водат во големата сириска пустина и границата со Ирак, Исламската држава сега контролира половина од сириската територија и му се заканува на Хомс, третиот по големина град во Сирија.

Агенцијата на Обединетите нации за човекови права процени во четвртокот дека од Палмира веќе избегале најмалку третина од жителите на овој град со 200.000 население. Портпаролката на УНХЦР, Равина Шандасани во Женева се повика на веродостојни извори и рече дека се чини дека владините изли го спречувале заминувањето на цивилите, додека и самите не се повлекле. „Изгледа дека Исламската држава оди од врата до врата и бара луѓе поврзани со режимот“, рекла пренесе Reuters. Според вообичаената практика сунитските џихадисти се одмаздуваат на шиитите, коишто ги сметаат за еретици, и на христијаните, особено оние кои нема да го прифатат сунитскиот ислам.

Според агенцијата DPA, биле погубени најмалку 17 цивили во Палмира. SOHR, пак објави дека бројот на бруталните погубувања на цивили во пустината во централна Сирија се зголемил на 66 во последната седмица. Опсерваторијата објави дека Исламската држава сега контролира повеќе од половина од сириската територија. Припадниците на оваа група којашто се одметна од Ал Каеда, се присутни во 9 од 14 сириски покраини, повеќето на истокот и северот со земјата, покрај ирачката граница. Од летото 2014 година заземајќи и големи делови од Ирак, Исламската држава на нив прогласи ткн калифат каде што го спроведува своето ригидно толкување на исламот.

Исламската држава ги контролира сите главни сириски нафтени и гасни полиња, освен ал=Шар, кој е под надзор на владата во Дамаск во пустинската област на Палмира, како и полињата Рами, кои ги надзираат курдските милиции во регионот ал-Хасакех, исто така, крај границата со Ирак.

Меѓутоа, џихадистите кои го заземаа целиот град Палмира во средата, на другите боишта трпат загуби. SOHR јави дека курдските Единици за заштита на народот (YPG) во четвртокот заземале четири села во долината на Кабур, западно од ал-Хасекех. Претходно во средата Курдите ги потиснаа џихадистите и од горскиот венец Џабал Абдул Азиз, северозападно од градот. Исламската држава во февруари во нападите на селата на асирските христијани во долината Кабур грабнаа најмалку 200 луѓе, од кои досега малкумина се ослободени.

Откако во средата исламистите ја заземаа Палмира, градот кој е под заштита на УНЕСКО, се стравува за судбината на овој голем и значаен локалитет вброен на листата на културното наследство на човештвото. „Палмира е вонредна локација на културното наследство во пустината. Секое оштетување на Палмира не е само воено злосторство, туку и голема загуба за човештвото, изјави за германската агенција DPA, Ирина Бокова, главната директорка на УНЕСКО.

Францускиот претседател Франсоа Оланд повика во четвртокот навечер откако пристигна на европскиот самит во Рига на „дејствување“ против терористичката закана, по заземањето на Палмира, пренесува AFP.

„Мораме да дејствуваме затоа што постои закана за спомениците од листата на светското културно наследство, и истовремено мораме да дејствуваме против daesh (погрден акроним за Исламската држава, на арапски – з.м.), рече Оланд.

„Покрај тоа, треба да се бара политичко решение во Сирија, што Франција го прави, одамна…. Групата Исламска држава, но и сирискиот режим, секојдневно почнуваат борби и ги изложуваат цивилите на притисок“, рече францускиот претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија1 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион2 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија18 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија21 час

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија23 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...